СТРАШНО: Татко на 14 годишно девојче се самоуби кога дознал дека неговата ќерка била силувана од Пакистанец

Девојчето (14) од Крит наводно за само неколку минути била силувана од тројца мажи, а полицијата досега привела државјанин на Пакистан (38), поради сомнение дека ја силувал.

Се претпоставува дека некој бил макро на девојчето и земал пари за тоа, но се уште не е откриено кој.

Наводно, истрага се води против уште 11 лица, кои треба да дадат исказ во Обвинителството.

Девојчето наводно почнало да трпи насилство во 2022 година, кога имала само 12 години. Целиот случај станал познат пред неколку дена кога пријавила Пакистанец (38) за силување. Се испоставило дека девојчето било нападнато од тројца мажи за само неколку минути, но таа тврди дека ја силувал само Пакистанецот, кој работел како дневен работник на фармата на нејзината роднина.

Останатите осомничени за сексуална експлоатација на малолетник се државјани на Грција, Пакистан и Молдавија, а сите се на возраст од 18 до 38 години. Многумина од нив, наводно, на рочиштето тврделе дека со девојчето имале односи со нејзина согласност.

Во меѓувреме се дознало дека таткото на девојчето се самоубил кога дознал за пеколот низ кој таа поминала. На местото каде што е пронајдено неговото тело полицијата пронашла проштална порака.

“Дознав што се случи со ќерка ми и не можам да го поднесам. Благодарам на полицијата за сѐ што направи. Ве молам, не го одвојувајте детето од мајката. Не можам да го поднесам ова и поради мојата депресија, решив да ме нема“, стои во прошталната порака, потврди за медиумите роднина на семејството.

Телото на мажот (50) било пронајдено минатата недела, откако бил информиран за силувањето на неговата ќерка. Претходно семејството го барало 24 часа. Тој бил пронајден во неговиот автомобил, а до него имало плинска боца со одвртен вентил.

Како што соопштија од полицијата, ниту таткото ниту мајката на малтретираното девојче не знаеле низ што поминува.

„Таа ми рече: „Тоа што го слушна е вистина, мајко! Не сака да ми каже, се срами.Само ми кажува дека слушнав сѐ што треба од полиција.Ќерко, ќе го поминеме ова заедно, не грижи се, јас сум со тебе. Сега сум твој татко и мајка“, рекла таа рикајќи во солзи во мајка, пренесуваат грчките медиуми.

Патникот имал билет, екипажот ги прекршил правилата

36-годишниот Андонис Кариотис, загина синоќа во бизарна несреќа кога членовите на екипажот на траектот „Блу хоризонт“ го турнаа во морето во Пиреја. Неговиот брат Никос Кариотис во реакцијата што ја пренесуваат грчките медиуми, изрази шокираност и не може да поверува дека Антонис исчезнал за неколку секунди на патувањето на кое често одел.

Тој за весникот Прототема открива дека неговиот брат извадил билет за кобното патување, но задоцнил при пристигнувањето на пристаништето.

-Не би одел без билет. Имаше билет и доцнеше. Како што разбрав, задоцнил на пристаништето и не го пуштале на траектот. Замина на одмор во Атина. Често патуваше, со години одеше на прошетка во Атина да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Тој работеше овде, на Агиос Николаос – вели братот на 36-годишниот патник што загина синоќа.

Според првичните информации, мажот имал билет за траектот што патувал од Атина за Ираклион на Крит, но задоцнил и усеал да се качи во последен момент кога траектот го напуштал пристаништето, но тогаш бил брутално турнат од луѓето од екипажот во морето од акде подоцна е изваден мртов.

Инцидентот на траектот во Атина бил снимен од еден од патниците. На видеото се гледа како 36-годишниот маж се обидува да се качи на бродот и успева да скокне на рампата непосредно пред поаѓањето на траектот по што влегува во физичка пресметка со двајца мажи од екипажот и паѓа во морето во моментот кога траектот веќе го напушта пристаништето.

Четворица членови на екипажот се уапсени и обвинети за убиство од небрежност, а денеска ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

-По трагичниот настан, не се преземени никакви планирани дејства за спасување на лицето што падна во морето. Во никој случај не фрлајте човек во морето кога ќе се качи на бродот, дури и да е бегалец. Одговорноста е целосно кај луѓето што биле на рампата, кои очигледно го турнале. Кога го виделе во морето, не ги почитувале пропишаните процедури за негово спасување. На брод што веќе плови никого не туркате назад и, дефинитивно, го известувате капетанот да го прекине процесот на пловење. Имаме процедура, вели во изјава за грчките медиуми, искусниот капетан Сидерис Мамидис.

ХЕРОЈ: Маж истрча од кола и му го спаси животот на момче кое се гушеше

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче кое се враќало од лекар во Обреновац, кое било покрај себе кога на детето среде возење и се слошило. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

– Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој – рече Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на бебето сега му оди добро.

– Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици – потврди јунакот Марко, кој го легна детето на тревата за да го спаси.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се се завршило добро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Популарно