Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

На сите транспортери и превозници кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се овозможува по брза лента да можат да ги заменат своите патни документи, истакна денеска во Штип, министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски кој имаше средба со претставниците на транспортните фирми во источниот регион.

Тој посочи дека оваа мерка беше договорена по барање на Министерството за транспорт и врски и здруженијата и асоцијациите на транспортери и превозници на Република Северна Македонија, а во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Бочварски посочи дека во однос на дозволите, лиценците и изводите од лиценци, Министерството за транспорт и врски навреме ги замени сите потребни документи, што им се потребни на домашните транспортери за непречено одвивање на меѓународниот транспорт.

На средбата покрај министерот Бочварски беа присутни и претставници од Секторот за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски, Биљана Муратовска од Асоцијацијата на транспортери МАКАМ ТРАНС, Оливера Миовска од Асоцијацијата БЕСТ МОБИЛИТИ - НТА, како и претставници од Управата за јавни приходи и од Царинската управа.

Министерот Бочварски истакна дека транспортот е една од најзначајните гранки која учествува во брутодомашниот производ и од тие причини е многу значаен нејзиниот развој и одржливост. Притоа потенцираше дека Министерството за транспорт и врски секоја година ги зголемува меѓународните дозволи за транспорт.

-Драго ми е што се собравме сите денеска на оваа регионална средба за да поразговараме за сите отворени прашања во однос на транспортната дејност во земјата. Покажуваме посветеност и даваме поддршка за понатамошен развој на домашниот и меѓународниот транспорт, а доказ за тоа е решението кое го изнајдовме за обезбедување брза лента за издавање и менување на патните документи за сите транспортери и превозници кои поседуваат сертификати за професионални возачи, бидејќи транспортот не смее да застане и економијата мора да продолжи да расте. Министерството за транспорт и врски останува силен партнер на домашните транспортери, продолжуваме заеднички во обезбедување на подобри услови за функционирање на транспортната дејност, вели  Бочварски. 

Биљана Муратовска од МАКАМ ТРАНС истакна дека во моментов околу 200 возачи имаат потреба од итна постапка за патни исправи.

-Околу 200 возачи има кои што се сликале или треба да се сликаат за нови патни исправи и драго ми е што наидовме на разбрање од Министерството за транспорт и врски, ќе направиме списоци и ќе ги доставиме за понатамошно проследување до МВР. Имаме неколку иницијативи до Владата и до Министерството за финансии за подобрување на дејноста и очекуваме повратни одговори. Имаме многу проблеми и на европските пазари, но некако од година во година се бориме да ги подобриме условите, рече Муратовска.

Оливера Миовска од БЕСТ МОБИЛИТИ - НТА во своето обраќање истакна дека е потребно да се следат глобалните трендови во транспортот.

-Ги следиме глобалните предизвици и се залагаме за побрзо минување на границите и генерално да носиме прагматично решенија со цел да го подобриме транспоротот и работата на транспортерите, вели Миовска. 

We have information that doctors are referring patients to private hospitals!

CLINIC ZaSe with Menche Tochi – A different kind of conversation with the Minister of Health. In this episode of CLINIC ZaSe Menche Tochi brings up topics for which the public has long sought answers – directly, without evasion and without a filter.

The guest is the Minister of Health, who faces a series of uncomfortable questions rarely asked publicly before. What is really happening with the procurement of oncology medicines? Who will take responsibility for the doctors who were paying themselves higher amounts for duty shifts – and is returning the money enough? How are 7.5 million euros being spent on new ambulance vehicles? What is happening with the parking lot and the announced multi-story garage at the Clinic? How far is the process regarding the accusations by Dr. Kedev? Menche Tochi does not back down – she asks clearly, specifically, and on behalf of the citizens. The answers? You will hear them directly from the minister. This is not just an interview – this is a conversation that raises questions everyone asks, but few answer.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Популарно