Ова е најдобрата просторија за секс во вашата куќа, а не е спалната соба

За да ја зачините вашата врска и да ја подобрите играта, треба да размислувате пошироко, или во овој случај, надвор од спалната соба.

Повеќемина сакаат да го започнат своето неделно утро со секс со партнерот или партнерката во спалната соба, но реномирани експерти советуваат да го променат ова место и да пробаат да имаат секс во кујната.

 

Експерт за либидо тврди дека кујната е најдоброто место во куќата за водење љубов, особено во недела кога повеќето двојки се слободни и не се на работа. Подготвувањето на појадокот може да биде уште поинтересен и повкусен, доколку „се загреете“ пред да го зготвите.

Иако можеби не изгледа како идеален избор во однос на хигиената, Харпер тврди дека сексот во кујна има една голема предност во однос на сексот во кревет – тоа е многу подобро согорување на калории. 

„Кујната е најдобрата просторија за секс, а кујнската маса или работната површина е секогаш убава површина“, вели Харпер, откривајќи ја најдобрата поза за жените да согоруваат калории:

„Маж седи на стол, а жена седи на него со раширени нозе и лицето свртено кон него. Жената може да согори најмногу калории во таа поза“.

Со години се истражува колку калории всушност луѓето можат да согорат за време на сексот, а некои проценуваат дека за 30 минути може да се потрошат и до 150 калории, што е количество потрошено за време на 15-минутно трчање. Сепак, тоа не значи дека сексот е подобар тренинг од трчањето.

Заминете на време, не задржувајте никого: Сѐ доаѓа кога треба да дојде

Заминете на време. Заминете и од својата куќа, дури и ако никој не ве чека. Заминете од забава, од пропаднати врски и од лоши навики. Заминете од мрачните мисли, болните спомени, негативните луѓе или од луѓето покрај вас.

Заминете на време. Не оставајте рани на телото на вашиот живот, не ја заразувајте вашата душа со вирусот наречен „грижа на совест“, кој со неверојатен ентузијазам ве отфрла од сопствениот живот и од самите себе.

Заминете на време, не го гребете цртежот на кревкото платно на вашата судбина. И немојте да газите по туѓа кожа.

Повеќе ценете го сопствениот живот. Заминете на време ако некој го стави својот живот над вашиот, сфатете дека вие, пред сѐ, сте одговорни за својот живот, а дури отпосле за нечиј друг живот. Никој не дошол на овој свет како жртва. Животот од човекот не бара да жртвува големи работи. Не е тешко човек да се изгуби себеси, не е тешко да се претвори во нешто друго, да живее нечиј туѓ живот, да живее во некој друг свет, во некоја поинаква реалност.

Да се пронајдеш себеси – е тоа е тешко. Со залудно жртвување на самите себе, ние не си додаваме сила, туку сами си ја одземаме сопствената животна сила. Научете се навреме да заминувате од различни животни околности и ситуации. Секогаш ќе можете да го препознавате тој момент: верувајте си на себеси, на својата интуиција, не се лажете себеси и не ги лажете другите.

Нема лоши луѓе без оглед на потребата да зборуваме за тоа. Постојат луѓе кои се разликуваат од нас. И нема друга одговорност освен лична.

Сѐ што се случува во нашиот живот се случува со наша дозвола. Ние сме дозволиле нашиот живот да биде онаков каков што е. Ние сме дозволиле сивилото да доминира во нашиот живот, ние сме дозволиле на стравот да се всели во нашата душа, ние сме дозволиле да станеме туѓинци во сопствениот живот.

Погледнете околу себе, затоа што можеби дошло време за заминување. Тешко е човек да си замине, но едноставно е неопходно да си заминеш во вистинското време. Заминете на време од опсесивни илузии и наметната стравови, но и натаму настојувајте да сонувате, да се обидувате. Не се плашете да грешите, затоа што тоа значи дека сте се обиделе. Не се плашете од реакцијата на другите луѓе, затоа што вие не можете да предвидите сѐ, а дури и ако можете, тогаш стравот е бесмислен. Но, имате шанса навреме да заминете. Да, така е, да заминете и да продолжите понатаму.

Ние знаеме кога ни недостасува нешто што сакаме да го имаме, кога нешто не ни е дадено, а сме го очекувале. Но, никогаш не размислуваме за тоа.

Вистината е едноставна: Сѐ доаѓа во свое време, дури и чудата. Затоа заминете навреме, не задржувајте никого.

3 знаци кои откриваат дека веќе не постои љубов во вашата врска

Врските минуваат низ различни фази и многу нормално е секој меѓучовечки однос да мине низ криза.

Во тие моменти, потребно е да се вложи напор за да се поправат односите и да се обнови љубовта.

Сепак, доколку забележите еден од овие знаци тогаш многу веројатно е дека врската е пред самиот крај.

Постои голема одалеченост

Работа, пријатели, обврски... Сите ги имаме тие обврски. Но, кога тие ќе станат важен приоритет за една или двете страни, без да се обрне внимание на врската, тогаш се јавува одалеченост која сигнализира крај на врската.

Лоша меѓусебна комуникација

Не разговарате, а ако разговарате, постојано се расправате. По некое време, веќе и конфликтите се намалуваат бидејќи ништо не ви е важно и уморни сте од долгите дискусии.

Не постои напор и компромис

Еден или двата партнери не прават никаков напор за поправање на работите, ниту пак за да се постигне компромис и да се негува љубовта.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Популарно