Се намалува бројот на заболени од грип

Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона  е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во однос на возрасната дистрибуција, 496 лица се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца има кај децата на возраст од 5-14 години.

Најмногу заболените се пријавени во Кавадарци – 180 и во Струмица – 134, а во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми Септември. Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А – несубтипизиран.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12.741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, 5 од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, шест од возрасната група на лица 15-64 години и пет од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, 10 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно