Пејачката доживеа мал пех на неодамнешниот настап, но многу брзо успеала и ја реши оваа ситуација. Северина Вучковиќ (51) викендов настапи во Минхен, а на својот инстаграм-профил на своите следбеници им покажа каков стајлинг избрала.
Таа се одлучила за црни панталони од вештачка кожа, кои ги искомбинирала со розов топ со асиметричен крој и бели сандали.
Иако сè изгледало одлично, таквиот изглед не траел до крајот на концертот.
Гутен Таг. Вака изгледав синоќа пред концертот во Минхен, фризурата ми падна на третата песна, а панталоните ми се скинаа на тринаесеттата песна. Но насмевката беше постојана, до последната песна“, напишала пејачката.
„Приказна за добра ноќ… Му шепнав на Хенри дека ми пукнаа панталоните и да ми го даде палтото, Хенри го донесе палтото, Љубо ги залепи панталоните со селотејпот со кој претходно го залепи тепихот на подот (затоа што подот беше лизгав поради кондензацијата, што е идеално за салто, што се плашев дека би можело да се случи)… Поздрав до произведувачот на селотејпи. Каков рокенрол“, напишала Северина.
Целото видео погледнете го ОВДЕ