(Фото) Вељко откри кога ќе се роди неговиот трет син, Богдана веќе има стомак до заби

Синот на најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко и неговата сопруга Богдана го очекуваат третото дете, синот, кој ќе го именуваат Илијан.

Гордата мајка на Богдан се придржува до сите совети кои и ги дале лекарите, па овој пат била под контрола заедно со сопругот.

Двојката оди заедно на редовни контроли и прегледи, а Вељко неодамна откри дека радосниот момент на породување ќе се случи во април. Интересно е што во април се роди и нивниот помал син Крстан, што значи дека разликата меѓу браќата ќе биде многу мала, можеби и помалку од една година.

Богдана и Вељко се сликаа со персоналот на клиниката, а на нивните лица имаше насмевка.

Да потсетиме, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга имаат два сина – Жељко и Крстан, а наскоро ќе добијат и трет син кој ќе го именуваат Илијан.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно