(Фото) Канје Вест „ја соблече“ контроверзната сопруга на сред улица

Раперот и продуцент Канје Вест пред фоторепортерите и ги соблече хулахопките на својата сопруга Бјанка до половина до задникот, принудувајќи ја да оди скоро гола.

Канје Вест нема мерка кога е во прашање работата на неговата сопруга Бјанка Ценсори.

Се чини дека Бјанка никогаш не е доволно гола, според стандардите на Канје Вест. Така беше и на нивната последна релаксирачка прошетка во Лос Анџелес

Како и секогаш, Канје Вест беше облечен од глава до пети во црна облека, дури преку главата имаше и качулка.

За разлика од него, Бјанка на улица се појави во проѕирен горен дел кој едвај и ги покриваше бујните гради, а долу носеше само зелени скоро проѕирни хеленки под кои се гледаше дека е без долна облека.

ФОТО: Еден погрешен чекор покажа што носи под фустанот

Албанската пејачка направи голема грешка со фустанот кој го облекла, а папараците подготвено ја дочекаа. Рита Ора никогаш не ја криела наклонетоста кон провокативната облека, но вчера направи грешка.

Пејачката, имено, се појавила на една прослава во Лондон, а за таа прилика одбрала огнено црвен фустан со длабоко деколте и со уште подлабок шлиц на нозете. Сето тоа го искомбинирала со црвен детаљ на главата, но ниту тој не го одвлекол вниманието од тоа што се случило.

Секој чекор бил ризичен за пејачката во овој фустан и на крајот и се случило неизбежното, па еден незгоден чекор покажал што крие Рита Ора под фустанот.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

ФОТО: Девојки запрепастени од она што го виделе на фотографија од Ибица

Фотографија од девојки од Велика Британија стана популарна преку ноќ, поради еден дтаљ кој се крие на неа.

Одоморот на Ибица за три пријателки се претворил во мини пекол откако ги изгубиле патните исправи.

Имено, девојките се фотографирале во ноќен клуб и истата вечер ги изгубиле пасошите. Неколку денови биле потребни за издавање на пасоши за итни случаи за да се вратат дома. Новата документација ја чекале четири дена, а пасошите им биле всушност пред нос.

На фотографијата од забавата се гледаат пасоќшите и паричник пред нивните нозе. Не ги виделе дека се таму, се додека не ја погледнале фотографијата.

„Мислам дека некој ги фрлил или можеби само и украл. Се испостави дека цело време биле пред нас“, напишале девојките на Твитер.

Популарно