Камион прегази пешак во Скопје

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„1632“ товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(44) од Скопје, удрило во пешакот В.З.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Ја давел за врат, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата - поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

-Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата. Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода, информира ЈОРСМ.

Затоа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Загина градежен работник во Гевгелија

Млад градежен работник загинал денеска при извршување градежни работи во Гевгелија.

Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град, соопштија од полицијата.

Увид се врши на местото на несреќата, по кој ќе се знаат причините за смртта на работникот.

Три години од смртта на Славиша Кајевски

Актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот на денешен ден во 2021-ва година.

Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година.

Од 2010 година е актер во Македонски народен театар – Скопје.

Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година, во Скопје.

Летната сцена на МНТ го носи неговото име, за вечен спомен на еден од омилените актери.

Популарно