Марко од Корчагин ја загуби битката со карциномот: „Тешка е умирачкава, брат“ – последното нешто кое им го кажал на своите другари

Професорката Татијана Алексиќ во петокот информираше дека починал Марко Здравевски, поранешен ученик на скопската гимназија „Корчагин“, кој по лекување во Париз ја загуби битката со опасниот канцер.

Во својата објава Алексиќ пренесува обраќање на Марко кон своите соученици кои организираа хуманитарен концерт за него и цитира негови зборови кои покажуваат колку бил тој силен иако се соочувал со својата смрт.

,,Утре (сабота) во 12:30ч на Гробиштата Петровец ќе го испратиме Марко. Ќе одлета во вечноста кај Кирил, Тамара и сите наши прерано заминати чеда…

Неговата храброст да се соочи со смртоносната болест сите ќе ја паметиме. Тоа кротко момче со полунасмеано лице, ретко креваше рака на час, но знаеше да одговори кога ќе го прашаш. Знаеше и сега дека е во стапица. Знаевме сите, но сакавме последните дваесетина месеци да ја почуствува љубовта, не само на родителите, роднини и пријатели, туку и од учениците на СУГС Раде Јовчевски – Корчагин.

Неговите некогашни соученици останаа крај него во Париз, до последен здив… Ками, Бојан, Ангела, Борјан, Стефан и Гоце, му беа морална и физичка поддршка, му даваа храброст и покажаа зрелост.

Му покажавте што е љубов. ,,Чекајќи го…” два пати ја игравме за него. Свесни дека е аматерска претстава, свесни дека е без уметничка вредност, напишана и осмислена од една обична учителка, свесни дека и собраните пари се чиста симболика, (доволни за една и половина хемо терапија), но исто толку свесни, дека во име на хуманост и човечка умешност испраќаме етичка порака не само до него, туку до сите генерации. Тоа се дела со уметничка вредност. Љубовта треба да се покажува и докажува, затоа што е невидлива. Не можеш да ја видиш, исто како ни Господ. Ако некој не ти каже, покаже и докаже љубов преку дела, нема да знаеш колку си сакан.

Сакавме Марко да знае, да види дека е сакан од нас. Затоа игравме за него. За наш Кирил, момчето кое што не сакаше да живее, задоцнивме.

Не му ги видовме страдањата. Некој го сака животот до последен здив, но болеста го совладува. Некој се разочарува во животот и го отфрла. Некој и здрав и полн со животен елан завршува под убиствената брзина на мотор…

За Марко, Кирил, Тамара и сите наши чеда, да се освестиме и научиме да покажуваме повеќе љубов и почит еден кон друг, дур сме живи. Да го испратиме тивко и достоинствено Марко, токму така како што тој ги живееше своите последни мигови.

Последното нешто што им го кажал на своите другари, со кого делел клупа во Корчагин, било: ,,тешка е умирачкава, брат” и ,,не ми бега брдото на Петровец”. Погребот не е должност, многу повеќе е. Испраќањето покојник е морална одговорност, основна култура и емпатија кон неговите најблиски. Тагата е силно чувство, многу подолготрајно од среќата која бргу и лесно ги собира луѓето околу себе. Но човек, на мака и во тага се познава по човечноста. И по културата.

Сите ние сме Марко кој ни остави драгоцена порака: ,,Живејте го животот со полни гради, зграпчете го секој момент и делето го со вашите сакани”, пишува професорката Алексиќ користејќи го хаштагот #јассуммарко  [💔]

Видеото со последното обраќање на Марко погледнете го во продолжение:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно