Убијците биле пијани, имале план да го преместат телото на свој имот

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка Илиќ чие тело било закопано во дива депонија биле пијани кога ја прегазиле со автомобил, пишуваат српските медиуми. 

Како што јавува „Информер“, еден од убијците наводно планирал да го ископа телото од депонијата и да го пренесе на својот имот.

– Двајцата беа пијани. Тие се исплашиле бидејќи под дејство на алкохол возеле службено возило. Девојчето било живо кога го удриле. Еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце ја задавил Данка Илиќ. Таа лежеше на патот и плачеше, а тој ја удави, ја стави во багажникот и потоа ја фрлија во депонија, пишува српски „Информер“.

Но, тоа не е се, бидејќи еден од нив кога видел дека полицијата е на нозе и дека цела Србија ја бара убиената Данка, имал намера да го пренесе телото.

– Еден од нив рече дека ќе го ископа телото на Данка и ќе го сокрие во неговото село, кое се наоѓа на 36 километри од Бор. Дека телото ќе го закопа до шталата, до ѓубривото. Тие правеа заговор да си ги покријат трагите. Како работници во комуналното претпријатие, тие не биле сомнителни. Тренирани кучиња ја пребарале локацијата, но девојчето го немало. Се претпоставува дека се уште е на депонијата, потрагата по неа се уште трае, пишува „Информер“.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно