Осум лица повредени во сообраќајка меѓу две возила, возачите имале 17 и 19 години

На локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани вчера вечерта околу 15 минути пред полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пожар во куќа во Гази Баба

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината

Жена пронајдена почината во стан во Гази Баба. 

- На 06.01.2025 околу 15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во стан била пронајдена почината Е.С.(43) од Скопје, каде живеела како подстанар. Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, соопштија од полицијата. 

Популарно