Единаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори

Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети општините Старо Нагоричане, Кратово и Ранковце, а митинзи ќе одржи во Крива Паланка и во Куманово, додека кандидатката за претседател поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во скопските општини Петровец, Центар и Кисела Вода.

Активности денеска ќе има и кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, кој ќе има средби со граѓани на три пункта во Градски парк во Скопје.

Кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе ја продолжи кампањата меѓу жителите на скопската Општина Аеродром, а вечерта ќе одржи митинг во Кавадарци. 

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски се обрати во Тетово на централен митинг од кој побара поддршка за уште еден мандат. Тој посочи дека политичката структура на власт во изми

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски синоќа на митингот во Тетово посочи дека политичката структура на власт во изминатите седум години има создадено две витални константи на македонската држава, евроатлантските интеграции и меѓуетничкиот соживот, што според него ќе резултираат со членство во Европската унија за неколку години.

-За жал за опструкциите од некои од надвор, меѓутоа најмногу нашата внатрешна политичка опозиција, ја отворивме првата преговарачка конференција за жал застанавме тука... Да не е внатрешната опозиција јас ви гарантирам дека за 4,5 години ќе ги завршиме сите преговори и ќе станеме полноправна членка на ЕУ. Тоа е единствениот пат за развој и единствениот начин да го намалиме иселувањето на младите луѓе најмногу во таа ЕУ. Единствен начин е да дадете поддршка на оваа политичка коалиција, инаку се друго е ризик и враќање назад во темното минато, истакна тој.

Пендаровски му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека веројатно го заменил со неговиот претходник Иванов, откако беше прозван за склучување договор во вилата Водно за нечиво амнестирање.

-Мислам дека на Мицкоски му се привидува нешто. Тој ме заменил со еден што беше пред мене претседател, Ѓорѓе Иванов - тој помилуваше криминалци. Јас криминалци ниту сум помилувал ниту имам намера да помилувам. Нему му е голем страв Груевски да не му се врати од каде што избега, затоа што ако му се врати Груевски се знае кој е правиот газда таму, тој го постави на тоа место каде што е... Значи повторувам – ниту некој пат сум имал намера да амнестирам некого, ниту сум амнестирал, ниту ќе амнестирам. Нека се обрати кај неговиот поранешен претседател Ѓорѓе Иванов, кој патем кажано, е личен пријател со против кандидатката Силјановска Давкова, додаде Пендаровски.

Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова синоќа во обраќањето на митингот во Општина Карпош ги претстави насоките по кои ќе се раководи во извршувањето на функцијата доколку ја добие довербата од граѓаните. Таа, исто така побара жените повеќе да се занинаваат со политика и со својата посветеност и пожртвуваност да и помогнат на државата.

-Морам да ги охрабрам жените да се занимаваат со политика. Политиката е во женски род. Дури маж и жена прават човек не смее Македонија да се откажува од 50 проценти ум, знаење, креација, посветеност како што сме посветени секаде сигурно ќе бидеме посветени и во негувањето на Македонија, а таа ќе биде горда на нас и на вас сите, рече Силајновска Давкова.

Таа рече дека за неа еден од најважните приоритети е доброто образование и оти нема подобра инвестиција од тоа. 

-Мое решение – во претседателскиот кабинет и околу мене ќе формирам совет за млади. Доста со тезите дека на младите им припаѓа иднината. Младите мора и сегашноста да ја земат во своите раце. Една умна влада, а се надевам дека таква ќе биде бидејќи нема веќе избор – до ѕидот на срамот сме доведени зошто дијагнозата за нас како што гледате на Фридом хаус е што – цикличен хибриден режим, вртење во круг. На тоа мора да се стави крај и мораме да исчекориме, рече Силјановска Давкова. 

Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на државата предложена од партијата Левица вчера во Охрид зборуваше за актуелната тема на претседателските избори, а тоа е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

- Како иден претседател нема никогаш да дозволам внесување на Бугарите во Уставот, затоа што имам план сосема нов устав. Морам да порачам дека сите бајки за одложено дејство на уставни измени се само замка ќе влеземе исто како со Преспанскиот договор...рече таа.

Ванковска пред охриѓани посочи деканејзината програма предвидува иницијатива за донесување сосема нов устав.

- Последниот збор секако го има Парламентот и двотретинско мнозинство. Меѓутоа, ако низ дебата на консултативен процес со граѓаните направиме како што направи Чиле, со уставотворно, народно собрание да понудиме нов модел на модерен устав ставен на увид на јавноста. Сакате ваков трибалистички, етнонационалистички кој не дели, или сакаме да бидеме држава од 21 век, рече кандидатката на Левица за иден претседател на државата.

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи на  предизборна средба со граѓаните на Охрид им посочи дека на престојните избори тие имаат избор меѓу две алтернативи – интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад.

- Тоа се двете понуди што им се нудат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт, ја нудам интеграцијата во ЕУ, и тоа во наредните пет години. Заокружување на седум години напор да станеме членка на Унијата. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ, рече Османи. Меѓутоа, како што посочи, Европскиот фронт нуди и соживот, наспроти опцијата што бара 61 пратеник за да се исклучат другите.

Стевчо Јакимовски  кандидатот за претседател од ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ вчера од Крива Паланка порача дека неговите противкандидати Пендаровски и Силјановска-Давкова избегнувале дебата зашто немале сила да се соочат со аргументите за развојот на државата.

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска најави поддршка за младите во општина Карпош преку покривање на трошоците за обука и полагање испит за возачка

-Очигледно дека тие не се во состојба да воспостават дијалог со своите политички конкуренти, коишто гледате, не се тепаме, ниту навредуваме, напротив само сакаме аргументирано да разговараме. Е па како ќе бидат претседатели, како ќе воспостават дијалог меѓу власт и опозиција, како ќе воспостават дијалог за клучни прашања во Република Македонија, ако не се спремни да водат дијалог со своите противкандидати?, рече Јакимовски порачувајќи дека можат да се скријат од дебатите, но од граѓаните на Република Македонија не.

Јакимовски упати порака и до кандидатот за претседател Бујар Османи.

- Господине Османи, можеби фронтот ви е европски, можеби замислата ви е европска, меѓутоа однесувањето ви е балканско, особено при практицирање на власта во Република Македонија... рече Јакимовски.

Се залагаме да ги менуваме сите суштински работи, зашто Македонија 30 години е во кружен тек од двете големи партии со уште посиромашен народ и со политичка елита која троши граѓански пари. Н

Претседателскиот кандидат на Движењето „ЗНАМ“ Максим Димитриевски синоќа од Прилеп истакна дека нам ни треба трета опција и претседател од народот кој ќе работи за народот.

-Се залагаме да ги менуваме сите суштински процеси. Недозволиво е Македонија да биде мултиетничка држава како што некои ја нарекуваат. Македонија треба да гради мултиетничко општество на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во неа, вклучувајќи ги притоа: Албанците, Турците, Ромите,  Власите, Србите, Бошњаците и сите останати. Во оваа држава има место за сите, но притоа треба да се знае: доколку зависеше  оваа држава и нејзината независност од желбата на сите што се околу нас, ние денеска немаше да имаме своја и независна држава. Во последните 30 години со багер се урива сето по ред и ништо ново не е создадено. Се менуваат едните со другите, младите си заминуваат, Македонија старее, а ние остануваме без идеја и без можност за натамошен развој. Затоа сметам дека беше потребно да се формира едно ново движење од граѓаните, како што е звижењето ЗНАМ, рече Димитриевски.

Кандидатот за претседател од Коалицијата Вреди, Арбен Таравари заедно со кандидатите за претеници, вчера организираа митинг во Центарот за култура Куманово. Од граѓаните ја побараа поддршката за претседателскиот кандидат.

Во изјавата за медиумите, Таравари истакна дека по Рамазан ова е прв поголем настан со граѓаните и рече дека ќе ја побара поддршката од кумановци.

- Ќе ја презентираме програмата, четирите столбови коишто веќе јавно се кажани, европска интеграција, правна држава, сигурност и безбедност на државата и консензуална демократија, рече Таравари.

Во однос на кампањата, кандидатот за претседател Таравари рече дека досега е коректна со одредени притисоци на администрацијата.

Повторно одложен судскиот процес за Пендиков

Не се одржа денешното рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води во врска со физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид.

Причина за тоа беше напојавувањето на двајца сведоци на Обвинителството, уредно поканети за денешното рочиште.

Според кажаното во судницата, причина за нивното непојавување било што биле на неодложно деловно патување, на што судијата Бојан Мартиновски што го води процесот реагираше со најава дека ќе побара нивно приведување и стражарно спроведување за наредното рочиште.

Стефан Камишевски, застапникот на оштетениот оцени дека непојавувањето на сведоците е несериозно, притоа забележувајќи дека ваквите појави укажуват дека потфрлаат институциите.

- Секое нефункционирање на било кој државен орган претставува повреда на нашит права како граѓани, во било каква постапка. Тоа доведува до непотребни одлагања, рече Камишевски.

Адвокатот на одбраната, Димитрија Цобоски, од своја страна рече дека недоаѓањето на сведоците е неспроведување на законските одредби од страна на полицијата.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Наредното рочиште од преоцесот е закажано за 12 јуни.

Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

Имено, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус кој сообраќал на линија Истанбул - Гостивар, при што е извршен детален претрес.

Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, во која во 9 пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова.

Нашите царински службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари.

Случајот е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка. 

ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза

Обвинителството презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази за првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој вчера беше екстрадиран од Турција.

Како што соопштија од ОЈО Скопје, за петмината други осомничени во оваа постапка, истрагата е во завршна фаза.

- За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза, стои во соопштението од Обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека продолжуваат да преземаат истражни дејствија во предметот.

Палевски, кој минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, синоќа со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во затворот тој е под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Тој е осомничен за убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. 

Популарно