Потрагата по телото на двегодишната Данка продолжува

Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ кај Бањско поле.

Осомничените за нејзиното убиство Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор, а се уште нема јасни индиции каде осомничените го сокриле телото на убиеното девојче.

Телото на Данка Илиќ најпрво беше барано во Бањско поле, местото каде што е убиена, по што е извршена потрага во селата Злот и Лука.

„Само да го најдеме телото на нашата Данка, да знам што и направиле овие монструми и достоинствено да ја закопаме и да знаеме каде можеме да ја посетиме“, вели Милан Илиќ, дедото на убиената Данка за чие тело се трага десет дена откако е откриено дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ прво ја удриле со автомобил, а потоа ја убиле.

Во потрагата на потегот од село Злот до местото Шумраковац се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.

Се пребаруваше коритото на реката Злот, како и акумулациите за вода.

Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ЈКП „Водовод“ и добро го знаат распоредот на тие цистерни, а поради работата редовно ги посетувале и знаеле за сите скриени места, па сега фокусот на пребарувањето е на тоа.

Патникот имал билет, екипажот ги прекршил правилата

36-годишниот Андонис Кариотис, загина синоќа во бизарна несреќа кога членовите на екипажот на траектот „Блу хоризонт“ го турнаа во морето во Пиреја. Неговиот брат Никос Кариотис во реакцијата што ја пренесуваат грчките медиуми, изрази шокираност и не може да поверува дека Антонис исчезнал за неколку секунди на патувањето на кое често одел.

Тој за весникот Прототема открива дека неговиот брат извадил билет за кобното патување, но задоцнил при пристигнувањето на пристаништето.

-Не би одел без билет. Имаше билет и доцнеше. Како што разбрав, задоцнил на пристаништето и не го пуштале на траектот. Замина на одмор во Атина. Често патуваше, со години одеше на прошетка во Атина да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Тој работеше овде, на Агиос Николаос – вели братот на 36-годишниот патник што загина синоќа.

Според првичните информации, мажот имал билет за траектот што патувал од Атина за Ираклион на Крит, но задоцнил и усеал да се качи во последен момент кога траектот го напуштал пристаништето, но тогаш бил брутално турнат од луѓето од екипажот во морето од акде подоцна е изваден мртов.

Инцидентот на траектот во Атина бил снимен од еден од патниците. На видеото се гледа како 36-годишниот маж се обидува да се качи на бродот и успева да скокне на рампата непосредно пред поаѓањето на траектот по што влегува во физичка пресметка со двајца мажи од екипажот и паѓа во морето во моментот кога траектот веќе го напушта пристаништето.

Четворица членови на екипажот се уапсени и обвинети за убиство од небрежност, а денеска ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

-По трагичниот настан, не се преземени никакви планирани дејства за спасување на лицето што падна во морето. Во никој случај не фрлајте човек во морето кога ќе се качи на бродот, дури и да е бегалец. Одговорноста е целосно кај луѓето што биле на рампата, кои очигледно го турнале. Кога го виделе во морето, не ги почитувале пропишаните процедури за негово спасување. На брод што веќе плови никого не туркате назад и, дефинитивно, го известувате капетанот да го прекине процесот на пловење. Имаме процедура, вели во изјава за грчките медиуми, искусниот капетан Сидерис Мамидис.

ХЕРОЈ: Маж истрча од кола и му го спаси животот на момче кое се гушеше

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче кое се враќало од лекар во Обреновац, кое било покрај себе кога на детето среде возење и се слошило. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

– Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој – рече Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на бебето сега му оди добро.

– Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици – потврди јунакот Марко, кој го легна детето на тревата за да го спаси.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се се завршило добро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Популарно