Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Видео: Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица

Ајфеловата кула во Париз денеска беше евакуирана откако изби пожар. Пожар бил забележан во еден од лифтовите на Ајфелова кула, поради што посетителите биле евакуирани. Пожарот набрзо е изгаснат.

Според локалните медиуми евакуирани била околу 1,200 луѓе, а како причина за пожарот, според првичните информации, е „прегревање на кабелот“.

Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица

За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми.

На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (АФАД).

Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис Акбик, излегол на местото на несреќата и за турските медиуми потврдил дека животот го загубиле двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.

Тој изјави дека во целиот регион има густа магла и потврди дека „нема никакви проблеми во болницата по авионската несреќа“.

Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург

- Предупредувањето дојде преку социјалните мрежи на крајот на 2023 година, напиша сервисот во „Х“. „Ова, покрај многу други укажувања, е сфатено сериозно“, велат тие.

Бидејќи канцеларијата за имиграција не е истражна агенција, информациите биле проследени до соодветните органи, се вели во публикацијата.

На интернет кружат слики од екранот на кои се прикажани пораки во кои одредено лице ја предупредува Канцеларијата за наводниот сторител, Талеб А.

Талеб А., чиј целосен идентитет не е објавен поради германските закони за приватност, претходно денеска беше обвинет за убиство со умисла, обид за убиство со умисла и други кривични дела.

Во нападот во петокот вечерта загинаа пет лица, а 200 се повредени.

Популарно