Колку сексот влијае на вашето здравје

Експертот за кинеска медицина Нина Ченг откри колку често треба да имате секс за да останете здрави и да го избегнете стресот.

Таа на следбениците на социјалните мрежи им порача дека во кинеската медицина „недоволниот“ секс се смета за причина за болеста.

-Древните кинески лекари верувале дека жените имаат поголема веројатност да доживеат поголема сексуална фрустрација, бидејќи тие биле предмет на различни општествени норми и можеби не им било дозволено да изразуваат сексуални желби за разлика од мажите, рече таа, меѓу другото.

Според кинеската медицина, ако сте во дваесеттите, треба да имате секс на секои четири дена, додека луѓето во триесеттите треба да имаат секс на секои осум дена. Како што стареете, времето помеѓу оргазмите се удвојува.

Ако сте во четириесеттите, водете љубов на секои 16 дена, а ако сте во педесеттите, секс на секои 21 ден.

Луѓето во шеесеттите би требало да имаат секс на секои 30 дена.

Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили

Американскиот глумец Мет Лебланк целосно ѝ се посвети на својата нова работа – водење салон за користени луксузни автомобили во Лос Анџелес.

Комичарот никогаш не ја криел својата страст кон автомобилите, па го водеше и британското ТВ-шоу „Топ гир“ (Top Gear) од 2016. до 2019 година, кога се врати во САД за да биде со своето семејство.

Сега тој оди чекор натаму, вложувајќи свои пари во специјализиран автосалон наречен „РПМ моторкарс“ (RPM Motorcars). Компанијата нуди луксузни и спортски автомобили, т.е. пронаоѓање ретки модели за богати клиенти.

Meѓу тие клиенти, наводно, бил и неговиот близок пријател и колега од ТВ-серијата „Пријатели“, глумецот Метју Пери, со кого ја делел љубовта кон автомобилите од високата класа. Лебланк, се чини, го прави овој бизнис и семејна работа, бидејќи и неговата 20-годишна ќерка Марина е видена неколкупати во салонот последниве неколку недели, понекогаш и во маичка со логото на компанијата.

Лебланк, според гласините, прави пауза од својата филмска кариера. Последната улога му беше онаа во хумористичната ТВ-серија „Човекот со план“ (Man with a Plan), којашто се прикажуваше од 2016. до 2020., како и во специјалното издание на „Пријатели“ од 2021 година, кога и самиот рече дека „одвојува малку време за себе“.

Засега нема нови улоги.

УХМР со најнова прогноза - најавува пад на температурите и силен ветер

Утре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, јавува УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури во периодот до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени.

Пронајден непознат валцер стар 200 години, се верува дека е од Шопен

Досега непознат валцер е откриен во трезорот на американската Библиотека-музеј „Морган“ во Њујорк. За новопронајденото музичко дело, се верува дека го напишал полскиот композитор Фредерик Шопен, пред речиси 200 години.

Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.

– Она во што сме најсигурни е дека ова е напишано од раката на Шопен, на хартијата што тој ја искористил… Она што не е сосем јасно е дека тој ја компонирал музиката. Тука сум околу 98 отсто сигурен, а многу луѓе кои го слушнале веќе чувствуваат во стомакот дека ова звучи како Шопен, изјави Меклејлан.

Кинескиот пијанист Ланг Ланг го отсвири и сними валцерот за „Њујорк тајмс“ (New York Times) којшто ја откри приказната.

- Звучи многу како Шопен, со многу драматична темнина којашто се претвора во позитивно нешто. Прекрасно е. Ова не е најкомплицираната музика на Шопен, но и еден од најавтентичните стилови на Шопен што можете да ги замислите, изјави Ланг.

Валцерот содржи и мали грешки, но Меклејлан е уверен дека музичкиот запис е на Шопен. Композиторот кој пишувал претежно за солонастапи на пијано, почина на 39-годишна возраст во Франција во 1849 година. Тој често бил прогонуван од халуцинации, а се верува дека имал и епилепсија, според некои истражувачи.

Популарно