Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Пожар избувна денеска во импровизиран автосервис - гаража во Ново Лисиче. Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари. Повредени нема, причинета е материјална штета.

- Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески. 

Материјалната штета допрва ќе се утврдува. 

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради одржување на атлетска трка

Посебен соообраќаен режим ќе биде воведен утре од 06:30 до 11:30 часот во дел од Скопје поради одржување на атлетска трка. 

Од Секторот за внатрешни работи Скопје информираат дека поради атлетската трка „Зегин Аеродром Ран“ во посочениот временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите. 

Стартно - целната позиција на трката е од булеварот „Јане Сандански“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ и булевар „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“,  дел од улицата „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење), потегот од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“ како и дел од булеварот „АСНОМ“ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“ и булеварот „Србија“ се до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката.

Како што информираат од МВР, стартната позиција на трката е од Порта Македонија, десно вдолж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Популарно