Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката

Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно