Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари

На 16.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода Џ.С.(23) од Кочани. Таа се сомничи дека на 15.05.2024 извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно