ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај

Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 13 часот е 25,48 проценти, соопшти Државната изборна комисија. 

Од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 1150 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 3,71 проценти на овие избирачки места.

Најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 325 гласачи, а најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1194 каде до 13 часот гласале 47 гласачи односно 15,77 проценти. 

-Во ИМ 2101 во Желино гласале 325 гласачи односно 32,73 проценти. Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 151 гласачи, односно 32,20 проценти. Во ИМ 1202 во Крушево гласале 47 гласачи односно 15,77 проценти. Во ИМ 1272 во Охрид гласале 185 гласачи, односно 26.02 проценти. Во ИМ 1470 во Долнени гласале 117 гласачи, односно 17,78 проценти. Во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 100 гласачи, односно 15,82 проценти. Во ИМ 1844 во Струга гласале 225 гласачи, односно 29,88 проценти, се наведува во соопштението на ДИК.

Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари

Поврзано со дезинформациите пласирани во јавноста, а во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово, ја известуваме јавноста дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно Град Скопје нема надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари.

Во член 15 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија.

Дератизација е збир на процедури кои се спроведуваат со цел да се уништат опасни штетници и можни носители на одредени заразни болести. Дезинфекцијата е постапка насочена кон уништување на најголемиот број на несакани микроорганизми со различни физичко-хемиски средства.

За појаснување со член 10 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје, утврдена е единствено надлежноста на градот за дезинсекција, како збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите.

Град Скопје

Утре бесплатен паркинг во Центар

По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму.

ЕВН Хоме ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови електрична енергија

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите. За останатите 15 проценти, на тендерот за периодот јули-декември биле пристигнати три понуди, но тие не се прифатени поради повисоките цени во однос на моменталните пазарни цени. 

Од ЕВН информираа дека биле пристигнати понуди од компаниите „Дуферцо“, ЕСМ Продажба и Соле24. 

- За 85 проценти од потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме, доби само една понуда, и тоа од компанијата АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 60 евра за мегаватчас, додека за 15 проценти од потребите на Универзалниот снабдувач, беа добиени три понуди, од компаниите Дуферцо МК, ЕСМ Продажба и Соле24, со понудени цени кои беа за околу два и пол пати повисоки, во однос на понудената цена на АД ЕСМ за 85 проценти од потребите. Управниот одбор на ЕВН Хоме донесе одлука да ја прифати понудата од АД ЕСМ за 85% од потребите, додека за останатите потреби од 15%, понудите на компаниите не беа прифатени од страна на ЕВН Хоме поради значително повисоките цени во однос на пазарните во моментот, се наведува во соопштението.

Од 1 јули годинава, ЕВН продолжува да врши снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

- Договорот со Владата за обезбедување на универзална услуга е потпишан на 18.06.2024 по што следува процес на лиценцирање во Регулаторната комисија за енергетика. Овој процес кој е неопходен за обезбедување на континуитет во снабдувањето со електрична енергија преставува голем предизвик, поради краткиот рок до престанувањето на важноста на постојната лиценца, како и отворените прашања во однос на начинот на кој ќе се пристапи кон продолжувањето на лиценцата за периодот од следните 5 години. Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри, велат од ЕВН.

Во крајната цена влегуваат цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Инаку, денеска група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-законск измени на Законот за енергетика по скратена постапка со коишто, како што велат, нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

- Група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска, првопотпишам сум јас, доставивме до архивата на македонското Собрание Предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка, со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен и нема да се дозволи драматично зголемување на цената на електричната енергија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на владата Христијан Мицкоски.

Со поднесениот Предлог закон, како што рече, ќе се спречи зголемување на цената на струјата од 5 проценти почнувајќи од 1 јули, согласно одлуката донесена деновиве од техничката Влада

Популарно