ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили

Одделот за епидемиологија на заразни болести при ЈЗУ Институт за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира три лабораториски потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска од 26 април до 4 јуни. Сите три случаи биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат денеска од ИЈЗ. Воедно, периодов регистриран е и првиот случај на мали сипаници или морбили, станува збор за дете од струшко село.

Првиот случај годинава е 57-годишен сточар кој одгледува крави во село во општина Крива Паланка. Во однос на експозицијата, пријавил присуство на крлежи кај добитокот и каснување од крлеж на долните екстремитети, седум дена пред почетокот на симптомите.

Вториот регистриран е 29-годишен електричар кој работи во приватна фирма, од село во општина Арачиново. Тој негирал каснување од крлеж, контакт со животни и патување во странство.

Овие пациенти биле испишани од Инфективната клиника во Скопје.

Најновиот случај е лабораториски потврден на 4 јуни. Станува збор за 68-годишен пензионер од Делчево, кој често престојува во делчевско село. Тој дал податок за каснување од крлеж на долните екстремитети во селото, изваден во домашни услови.

Во сите случаи биле пребарани контактите во семејството и во посетените здравствени установи. Блиските контакти, доколку ги имало, биле ставени под здравствен надзор од 14 дена.

Меѓу пријавените симптоми се епистакса, малаксаност, замор, повраќање, фебрилност, болка во мускули, пролив, тресење, главоболка.

Од ИЈЗ велат дека според досегашните податоци, постои веројатност за понатамошно пријавување нови случаи. 

- Постои среден ризик за населението на Република Северна Македонија, но, истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции, нагласуваат од ИЈЗ.

Смртноста од ККХТ, како што се појаснува, достигнува и до 40 отсто. 

- Вирусот се пренесува на човек пред сѐ од крлежи на домашни животни. Трансмисијата од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, секрети, органи или други телесни течности на заболените лица, наведуваат од ИЈЗ.

Одделот на епидемиологија на заразни болести денеска добил пријавa за изолиран причинител на мали сипаници од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. По добиените пријави, епидемиолошки тим бил на увид на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

- Се работи за шестгодишно дете од село Лабуништа, Струга. Според податоците добиени од лабораторијата, направено е серолошко тестирање за мали сипаници со добиен позитивен резултат со IgM. Исто така, со PCR  е детектирана RNA на мали сипаници. Детето е невакцинирано со МРП-вакцина. Живее во шестчлено семејство, а помалата сестра е со присутна температура и исип пред една недела. Родителот дава податок за сомнителен контакт, сосед кој прележал „сипаници“. Не посетува градинка или училиште и не патувале во странство седум до 23 дена пред почетокот на исипот, додаваат од ИЈЗ. 

We have information that doctors are referring patients to private hospitals!

CLINIC ZaSe with Menche Tochi – A different kind of conversation with the Minister of Health. In this episode of CLINIC ZaSe Menche Tochi brings up topics for which the public has long sought answers – directly, without evasion and without a filter.

The guest is the Minister of Health, who faces a series of uncomfortable questions rarely asked publicly before. What is really happening with the procurement of oncology medicines? Who will take responsibility for the doctors who were paying themselves higher amounts for duty shifts – and is returning the money enough? How are 7.5 million euros being spent on new ambulance vehicles? What is happening with the parking lot and the announced multi-story garage at the Clinic? How far is the process regarding the accusations by Dr. Kedev? Menche Tochi does not back down – she asks clearly, specifically, and on behalf of the citizens. The answers? You will hear them directly from the minister. This is not just an interview – this is a conversation that raises questions everyone asks, but few answer.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Популарно