Неготинец се удави во Охридското Езеро

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино.

-По наредба на јавен обвинител увид на местото на настанот, извршија полициски екипи а смрт, без видливи траги на насилство, констатира лекар од Итната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Битола.

Бегал од полицијата, па предизвикал сообраќајка: Тројца повредени

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје околу 10 минути по полноќ, на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.

-Во незгодата А.Т, Д.М. и неговата сопатничка И.Н.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј. продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и причинил материјална штета, информира МВР.

Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Црна Река 64-годишен маж пронајден починат во автомобил

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.

Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.

-Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација, велат од Обвинителството

Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.

Ненадејно изгубивме скромен, тивок и добар човек

Кошаркарската федерација на Македонија објави тажна вест. Ненадејно почина Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари.

Големиот љубител на спортот ќе биде запомнет како скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

„Изгубивме скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

Изразуваме длабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите, нека почива во мир и вечен спомен …“, објавија од судиската комисија на Кошаркарската федерација.

Популарно