Мицкоски: Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а во недела на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет на кои ќе биде утврден списокот на новите членови на владата од Коалицијата „Твоја Македонија“, информира денеска мандатарот Христијан Мицкоски.

-Овој викенд во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кои ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар. Очекувам Централниот и Извршниот комитет да се произнесат и доколку е позитивно да и бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната влада заедно со програмата на работа ќе бидат доставени во вторник на 18 јуни во македонското Собрание, изјави Мицкоски пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

Нагласи дека не може да зборува од името на другите партии и коалиции кои се во состав на новата влада за тоа кои ќе бидат нивните кадровски решенија.  Потврди дека во новата влада ќе има претставници на коалициите „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ и на движењето „ЗНАМ“, а во опозиција ќе бидат коалицијата „Европски фронт“, коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ и политичката партија Левица.

-Со тоа ќе биде реализирано и второто ветување кое го дадовме на изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на влада, второто ветување е ДУИ во опозиција, третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори која ќе ја види македонската јавност на 25 јуни, порача Мицкоски.

За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа, како што рече, побарал поддршка од сите и разговарал и со СДСМ.

-Гласаа пратеници од ДУИ точно, но од коалицијата „Европски фронт“ гласаа и пратеници кои се дел од Турската демократска партија, од Демократската партија на Албанците и други пратеници кои не се од ДУИ. Очекувавме да гласаат и пратениците кои се дел од  коалицијата предводена од СДСМ и пратениците од политичката партија Левица, рече Мицкоски.

Во идната влада, како што посочи, повеќе нема да има економски директори во здравствените установи, ќе има еден клинички центар, ќе се укинува позицијата заменик директор онаму каде што постои, за 20 отсто ќе се намалат членовите на управните одбори, ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90.

-Во првите 100 дена од Владата ќе се реализираат многу од овие ветувања,  потенцира Мицкоски. 

We have information that doctors are referring patients to private hospitals!

CLINIC ZaSe with Menche Tochi – A different kind of conversation with the Minister of Health. In this episode of CLINIC ZaSe Menche Tochi brings up topics for which the public has long sought answers – directly, without evasion and without a filter.

The guest is the Minister of Health, who faces a series of uncomfortable questions rarely asked publicly before. What is really happening with the procurement of oncology medicines? Who will take responsibility for the doctors who were paying themselves higher amounts for duty shifts – and is returning the money enough? How are 7.5 million euros being spent on new ambulance vehicles? What is happening with the parking lot and the announced multi-story garage at the Clinic? How far is the process regarding the accusations by Dr. Kedev? Menche Tochi does not back down – she asks clearly, specifically, and on behalf of the citizens. The answers? You will hear them directly from the minister. This is not just an interview – this is a conversation that raises questions everyone asks, but few answer.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Популарно