Тригодишно дете загина попладнево околу 17 часот додека си играло во дворот од семејната куќа

Тригодишно дете почина денес околу 17 часот во Сјеница во село Дражевиќ.

Несреќата се случила во дворот на семејната куќа, каде детето си играло, а сè уште не се знае како дошло до неговата смрт.

Екипата за итна помош, која дошла на повик на родителите, можела само да ја констатира смртта.

– Детето се качуваше на автомобилот што беше паркиран во дворот, можно е да паднало и да се здобило со смртни повреди – велат мештаните на Дражевиќ.

На местото на несреќата во тек е увид на полицијата. Сите детали за овој случај ќе бидат утврдени со детална истрага.

Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.

Пријавениот, иако адвокатската функција му била ставена во мирување поради тоа што бил правобранител, сепак во три наврати застапувал странки во постапки пред надлежен суд. 

-Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело, појаснуваат од МВР. 

Нападнат ученик во училиштен двор

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство врз дете“ и ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

- На 15.10.2024 во двор на средно училиште во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од нас.Оризари, а при негово приведување физички нападнал полициски службеник, соопшти МВР.

Познат идентитетот на загинатите кај Катланово, сите се од Велес

Три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово.

Од МВР информираат дека несреќата се случила во 17:35 часот, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција.

Од Обвинителството вчера информираа дека на лице место повикан бил и сообраќаен вештак за утврдување на причините за несреќата. 

Популарно