Почина позната раперка Enchanting на 26 години

Познатата раперка Enchanting почина на 26 години, а тажната вест ја соопшти нејзината колешка Гучи Мејн.

Enchanting, чие вистинско име е Ченинг Никол Лари, соработуваше со издавачката куќа „1017 Records“ од Мејн.

-Толку е тажно што морам да и кажам R.I.P на толку голема млада дама, вистинска ѕвезда, на сите ни недостигаш, напиша Мејн на својот Инстаграм профил.

Пејачката потпишала договор со таа издавачка куќа во 2020 година, се појавила на три компилациски албуми пред да ја остави три години подоцна, објавија американските медиуми.

Како што објави People, Enchanting починала откако била исклучена од машина, а претставник од нејзиниот менаџерски тим открил дека 26-годишната девојка се борела со зависност од дрога и се предозирала.

-Таа даде се од себе, а јас направив се што можев да и помогнам, се трудеше, нагласи претставникот на менаџерскиот тим.

Taa е родена во Германија, израсната во Тексас, а исто така ја сметаше Атланта за свој дом. Според нејзиниот профил на 1017 Records, кој сè уште е активен на веб-страницата, раперката почнала да се занимава со музика на 18-годишна возраст, по завршувањето на средното училиште.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно