(Видео) Монструм од 2 метри влета во плиткото: Туристи врескаат од страв во популарното летувалиште во Шпанија

Плажата во Гран Канарија е затворена за капење откако ајкула долга околу 2 метри налета во плиткото и предизвика општа паника кај туристите.

Во застрашувачкото видео се слушаат врисоци додека морскиот предатор се приближува до брегот со голема брзина со грбната перка која се држи надвор од водата.

Полицијата веднаш ја затвори плажата Меленара на источниот брег на островот откако во саботата околу 17 часот беше прогласена тревога.

На плажата веднаш беше подигнато црвено знаме. На снимката се гледа како младите трчаат на безбедно додека ајкулата пливала кон брегот пред да се нурне назад во длабочините во последен момент. Млада девојка била во вода кога се појавила ајкулата.

-Спасителот почна да свири и дал знак дека сите треба да излезат од водата. Погледнав назад и ја видов нејзината перка – изјави туристка за локалната телевизија.

– Видовме перки кои беа околу 25 сантиметри над водата и почнавме да се движиме најбрзо што можевме назад кон плажата – додаде друг турист.

Потрагата по ајкулата со помош на џет ски била неуспешна. Дејли мејл наведува дека се работи за чекан ајкула која може да порасне и до шест метри во должина и да тежи дури 450 килограми! Тие се главно безопасни за луѓето и забележани се само неколку напади.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно