Македонскиот продуцент од Беркли (САД) издаде нова песна!

Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје, кој има студирано музичка продукција и инженерсто и електронска продукција и соунд дизајн на Беркли, во Бостон Америка од 2018 година е активен на македонската музичка сцена и има соработувано со доста македонски уметници, меѓу кои Дупер, Плутос Даутс, Фанк Шуи и Дина Јашари.

Во последните шест години, исто така споделува своја музика, поактивно оваа година, со што овва недела на 11ти Јуни објави нова песна, Крута, каде самиот е изведувач, кант-автор и продуцент, а воедно е и одговорен за видео записот.

Може да ја чуете песната и да го видите спотот подолу.

Ова е првиот видео запис наснимам во новиот културно-едукативен центар Лабораториум во Скопје. Иако во поголемиот дел од снимањето е инволвиран само Драги, сето ова би било тешко изводливо без Стефан Момиќ, кој успеа да му даде простор во веќе густиот распоред на Лабораториум, сите прекрасни луѓе што се дел од екипата на Лабораториум што помогнаа на свој начин и направија да се чувствува како дома и Мирослав Илиќ, кој во сред испитна сесија успеа да направи колор и графички дизајн на овој видео запис.

Исто така, благодарност до Филип Методиев за прекрасната гитара и до Мартина Баракоска за дел од синтисајзерите и оргулите во рефрените и мостот на песната.

Промоцијата на песната и спотот се случија во Лабораториум исто така, каде се насними спотот, дента кога се објави Крута и сега е достапна секаде каде што се слуша музика.

Instagram: instagram.com/thisisdragiivanov

TikTok: tiktok.com/@thisisdragiivanov

Facebook: facebook.com/thisisdragiivanov

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември

Цели 53 години по расформирањето, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка и на тој начин практично повторно ја обедини легендарната четворка.

Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање песна преземена од демо-снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка што Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на другите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудиолентата и да го одвои од пијаното.

Популарно