Легендарниот Роберто Баџо е претепан и ограбен во својот дом

Роберто Баџо доживеал многу непријатна и стресна ситуација во својот дом во Италија, кој бил мета на засега непознати напаѓачи и крадци.

Инцидентот се случил за време на натпреварот меѓу Италија и Шпанија на ЕП, односно во моментите кога Баџо ги следел случувањата на дербито во Германија, при што во неговата вила влегле дури пет вооружени напаѓачи.

Баџо бил во домот заедно со неколку членови на фамилијата, а крадците предизвикале голема драма која траела четириесетина минути, во која покрај пленот со кој си заминале, го повредиле и легендарниот фудбалер кој добил удар во главата.

Италијанската легенда и останатите присутни биле заклучени во тоалетот по првичниот напад и конфликт, период во кој крадците собрале многу вредни предмети и побегнале.

Баџо подоцна повикал полиција и бил пренесен во болница, каде му била санирана раната на главата.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно