Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“

Во централното градско подрачје во Скопје, денеска од 15:00 часот, ќе има посебен режим на сообраќај поради „Парадата на гордоста“.

– Денеска во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, соопшти МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Приведен крадец баран со потерница

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 12:25 часот на територија на Ѓорче Петров, го лишиле од слобода скопјанецот А.Е.(55), кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од две години.

Како што соопшти МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. 

Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека без електрична енергија се:

Скопје - Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат

Тетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, Сетоле, Сарачино, Желино

Гостивар - Дебреше, Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци

Битола - горно и долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.

Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, Парналија

Тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет

Силното невреме кое попладнево ја зафати Скопската котлина, Тетовско и други региони во земајва, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Добиени се пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето, се наведува во соопштението од ЦУК.

Од УХМР известуваат дека нестабилната облачна маса од која во западните и северните делови од Скопската котлина имаше појава на невреме, се преместува во правец кон Куманово каде исто така се очекуваат процеси во форма на невреме.

Од ЕВН Македонија информираат дека во моментот без електрична енергија се делови од Ѓорче Петров, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат, Тетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, Сетоле, Сарачино, Желино, Гостивар - Дебреше, Врањовце, Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци, Битола - Горно и Долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината. Струја нема и во Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, Парналија.

Тимовите, како што се наведува, веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Популарно