Познат идентитетот на починатата девојка во страотната сообраќајка во Грција

Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија и го објави идентитетот на младата битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Егнатиа во правец кон Солун.

Претходно беше познато дека таа имала 29 години, а групата тврди дека во прашање се четири битолчанки кои ја доживеале сообраќајната несреќа.

„Мартина, чупе златно, мир да си најдиш. Им посакуваме побрзо закрепнување на останатите три битолчанки“, објави „Бабам Битола“. 

Повредени се и три сопатнички од кои две родени 2000 година се потешко, а едната сопатничка родена 1999 година поминала со полесни повреди. 

Почина родилка во Куманово

Во Општата болница Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа билница Куманово и Јавното обвинителство. 

Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата  починала 31 - годишна родилка од Куманово. 

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Се очекуваат  дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции.

Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случи на улица „Трета македонска бригада“, објави „Слободен печат“.

Автомобил „волскваген“ срушил семафор, па се качил на жардињера. Сообраќајната несреќа се случила околу 5 часот утринава.

Засега нема информации од МВР дали има евентуални жртви. Повеќе детали во текот на денот.

Сообраќајната несреќа се случила околу 5 часот утринава.

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција

Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Претходно, во СВР - Скопје, пријавено било дека околу осум часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, пронајден бил починат скопјанецот Д.С., на возраст од 56 години.

Лекар од Итна медицинска помош и во овој случај констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. 

Популарно