Нема промена на Рамката

Бугарското МНР денеска реагира на изјавата македонскиот премиер Христјан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ.

– Министерството за надворешни работи упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и самата Северна Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја.

Исто така, принципот на едногласност во процесот на проширување на ЕУ е вграден во Договорот за Европската унија и во преговарачките рамки на сите претходни и сегашни проширувања.

Покренувањето идеи за повторно преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори, се наведува во соопштението.

За властите во Софија, како што се посочува, „неприфатлива е искажаната намера на новата влада на Северна Македонија да го отфрли легитимното барање на дел од сопствените граѓани да ги гарантира правата и слободите на рамноправна основа со сите други заедници во Северна Македонија, вклучителни преку нивно вметнување во уставот“.

– Подеднакво неприфатлива е и искажаната намера на Северна Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори. Ваквиот став е некомпатибилен со напредокот на европскиот пат.

Остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на една минато време, отфрлена од сите демократски општества.

Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили.

Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Северна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добро вера.

Оваа позиција на национално ниво нема да се менува, стои во соопштението од бугарското МНР.

Приведен крадец баран со потерница

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 12:25 часот на територија на Ѓорче Петров, го лишиле од слобода скопјанецот А.Е.(55), кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од две години.

Како што соопшти МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. 

Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека без електрична енергија се:

Скопје - Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат

Тетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, Сетоле, Сарачино, Желино

Гостивар - Дебреше, Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци

Битола - горно и долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.

Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, Парналија

Тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет

Силното невреме кое попладнево ја зафати Скопската котлина, Тетовско и други региони во земајва, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Добиени се пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето, се наведува во соопштението од ЦУК.

Од УХМР известуваат дека нестабилната облачна маса од која во западните и северните делови од Скопската котлина имаше појава на невреме, се преместува во правец кон Куманово каде исто така се очекуваат процеси во форма на невреме.

Од ЕВН Македонија информираат дека во моментот без електрична енергија се делови од Ѓорче Петров, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат, Тетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, Сетоле, Сарачино, Желино, Гостивар - Дебреше, Врањовце, Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци, Битола - Горно и Долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината. Струја нема и во Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, Парналија.

Тимовите, како што се наведува, веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Популарно