Кисела Вода: Се запалија три возила

Денеска (25.06.2024) во 03.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.В.(77) од Скопје.

Од пожарот биле зафатени и две други патнички возила, „шевролет“ сопственост на М.С.(40) и „пежо“ сопственост на М.О.(49), двете од Скопје.

Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината

Денеска во 00.00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Г.А.(38) од Штип поради тоа што на вчера околу 15.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал својата 63-годишна мајка, а потоа и упатувал закани и кршел дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

14-годишно момче почина откако врз него падна бојлер

Вистинска трагедија се случила вчера во Маврови Анови откако Д.Ѓ.(55) во 18:00 часот во полициско одделение Маврово пријавила дека нејзиниот малолетен син починал откако врз него паднал бојлер. Неофицијално се работи за 14 годишно момче.

"Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови", информираат од СВР Тетово.

Од МВР известуваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Почина поранешен припадник на Тигрите

Вчера почина мојот драг другар, херојот Игор Георгиов од Кочани, поранешен припадник и инструктор во минофрлачкиот тим на Единицата за специјални задачи Тигар, инструктор и креатор во проектот “Биди Тигар”, учесник во одбраната на Македонија во 2001 година како дел од артилериските единици на македонската Армија, објави на социјалните мрежи Стојанче Ангелов.

– Животот воопшто не му беше мазен, го помина мачејќи се и барајќи мир, многупати соочен со смртта. Во 2003-та поради бирократски причини беше исфрлен од Тигрите, потоа возеше такси, па работеше неколку години во Ирак, со спечалените пари оттаму се обиде да си го најде мирот на планината Пониква, менаџирајќи го ресторанот “Етно Караула Пониква” каде на видно место, на кочански дијалект, беше истакната неговата животна максима “Уште не се е родил тај на сите што и угодил”, напиша Ангелов.

Потоа пак замина за Ирак, се врати, се повлече во Кочани, делумно работеше со една викендица на Пониква истовремено работејки најобична физичка работа.

Погребот ќе се изврши денес на градските гробишта во Кочани, во 12.00 часот ќе биде изложен во капела, во 14.00 часот ќе биде погребан.

Бог да го прости, нека му е вечна славата.

Популарно