Силно невреме ја зафати Словенија

Силно невреме со грмотевици попладнево ја зафати Словенија и северозападните делови на Хрватска со тенденција да се придвижи кон Унгарија.

Силната бура ја зафати областа северно од Новo Место во Словенија, а паѓаше и град со дијаметар од најмалку два сантиметри во близина на Шентвид.

Од Агенцијата за животна средина (Арсо) од каде што издадоа портокалово предупредување за целата држава, предупредија дека невремето ќе продолжи во попладневните и вечерните часови. 

ВИДЕО:„Трчај, трчај, жената се дави“: Драматични сцени по невремето во Белград

Најдраматичното видео од невремето во Белград  е снимено во Петлово брдо на кое се гледа како жена се дави во поплава.

На видеото се гледа жена во далечина која се обидува да одржи рамнотежа додека оди низ вода Меѓутоа, жената изгубила рамнотежа и неколку пати паднала во водата.

За среќа, на видеото се слушаат гласовите на двајцата мажи кои и пришле на помош.

Трчај, трчај, жената се дави!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари

Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во оваа земја живеат 2.281 Македонец.

Во прегледот ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив стои Северна Македонија.

Гледано одделно од вкупната бројка Македонци 1.136 се од машки, додека 1145 од женски пол.

Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.

Популарно