Од утре порст на температурите до 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. 

Времето утре (7 јули) ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 38 степени во Гевгелија и Демир Капија. Во Скопје температурата се предвидува да достигне до 37 степен. 

Од понеделник до петок следната недела максималната температура ќе се движи до 40 степени. 

Американската амбасадорка си касна гравче на Криволак

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска седна на војничкото гравче во центарот за воена обука „Криволак“.

Таа заедно со припадниците на македонската армија и гостите од САД седна на заеднички ручек по големата воена вежба.

Инаку, војничкиот грав е традиционално јадење кое се подготвува во многу балкански земји, особено во Македонија.

Болницата Плодност се збогува со своите колеги: „Изгубивме врвни професионалци“

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, кои вчера го загубија животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, доаѓајќи на своите работни места. Комеморацијата започна со едноминутно молчење во чест на загинатите колеги.

Главната медицинска сестра Ребека Алексовска говореше за ликот и делата на загинатите, поединечно за сите, истакнувајќи ја нивната професионалност во работата, но и приватниот дел како одлични родители, татковци, сопрузи, ценети кај сите вработени во болницата.

„Ние загубивме колеги, пријатели, блиски, стручни и ценети професионалци, загубивме дел од нашето Плодност семејство. Тројцата наши соработници од Прилеп, кој секојдневно патуваа на своите работни места во нашата болница, за жал прерано ги згаснаа животите“, рече Алексовска.

Таа прочита дел од стотиците телеграми, писма и пораки кои пристигна во болницата, од Битола, Прилеп, Македонија, Европа, од поранешни вработени, пациенти, пријатели на загинатите.

Синот на д-р Александар Ристески, преку порака и се заблагодари на Болница Плодност за најсреќните работни години кои неговиот татко ги поминал во болницата опкружен со љубов од колегите и пациентите, така што за него воопшто не било терет секојдневното патување до Битола.

Примариус д-р Таше Трпчевски, не успеа да ги надвладее емоциите и низ солзи се прости од своите колеги.

„Ми се чини дека во мојот живот не сум имал ваква тешка задача да го одржам овој мемоморијал говор и не би салал да се повтори никогаш. Претрпевме тешка загуба од прераната смрт на нашите колеги, а ова го зборувам во името на сите вработени. Немаме зборови да ја искажеме нашата тага. Велат дека смртта не боли, но боли празнината, тагата и болката за згаубениот. Боли тоа што никогаш повеќе нема да ги видиме. Ова огромна штета за нивните семејства, огромна штета за нас, огромна штета за нашите пациенти. Тие си отидоа, но нивните племени души ќе останат во нашите срца, ќе бидат со нас и ќе запаметиме во нивнита огромна грижливост во работата. Иако ги загубивме, мислам дека беше привилегија и искажувам благодарност што бевме дел од нивните животи. Нивните души нека останат во мир, а ние ќе ги чуваме во нашите срца“ рече примариус д-р Таше Трпчевски.

На комеморација присуствуваше и зборуваше градоначаникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој како доктор, постети на неговото пријателство и соработка на професионален план со Александар Ристески.

Сиљановска Давкова: Моето срце е со луѓето во БиХ, останете силни

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се огласи на својот профил на X (екс Твитер) по повод катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина.

„Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Размислувајќи за погодените семејствата и надевајќи се на сила и брзо закрепнување за целата заедница. Останете силни“, напиша Сиљановска Давкова.

Популарно