Нови именувања на директори на клиники

Именувани се нови директори на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, Јавна здравствена установа Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

На место на досегашните први лица на овие установи, поставени се Д-р Никола Ѓорѓиевски специјалист по Нефрологија, Славица Арсова субспецијалист по психотерапија и д-р Огнен Костовски, општ и дигестивен хирург.

Доцентот Д-р Никола Ѓорѓиевски дипломирал на Медицинскиот Факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во 2008 година како прв дипломиран студент на генерација. Од март 2014 година е вработен во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Нефрологија, при што во 2016 година е избран за асистент на катедрата по интерна медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, а од 2024 гоидна е избран во звање наслов доцент.

Во октомври 2019 го полага специјалистичкиот испит и се стекнува со називот специјалист по Нефрологија.

Од март 2020 година е назначен за национален координатор од Македонија при европскиот регистар на болните со бубрежна заместителна терапија на ERA-EDTA (European Renal Association-European Dialysis and Transplantation Association).

Д-р Никола Ѓорѓиевски е автор и ко-автор на 12 трудови објавени во медицински списанија со IF (фактор на влијание) и 25 трудови објавени во меѓународни и домашни медицински списанија.

Професор Д-р Славица Арсова е дипломирала на медицинскиот факултет во Скопје во 1991 година. Во 1998 година се стекнува со звање специјалист по психијатрија на медицинскиот факултет Скопје, а подоцна и субспецијалист по психотерапија.

Веднаш по дипломирање работи во различни здравствени институции, а од 2002 вработена во ЈЗУ УК за Психијатрија Скопје, каде активно ја обавува работа раководител центар за ментално здравје.

Стручното усовршување го надополнува го развива и надвор од државата во повеќе европски земји. Од 2005 година се стекнува со звање магистер по Психијатрија, 2012 докторира, а актуелно е редовен професор и раковител на катедрата по Психијтрија на медицинскиот факултет при УКИМ Скопје.

Проф. д-р Огнен Костовски, дипломирал на Медицинскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, во 2010 го положил специјалистички испит по општа хирургија, а во 2021 и супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија.

Од 2008 година е вработен во Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија, Клинички центар Мајка Тереза- Скопје. Во 2023 година се стекнал со звањето вонреден професор на Катедрата по општа хирургија.

Проф. д-р Огнен Костовски има 15 годишно работно искуство и е дел од рецензентски комисии за избор на лица во наставно-научно звање. Има објавено вкупно 36 научни трудови од областа хирургија, од кои 24 научни труда во научнo списаниe со импакт-фактор (фактор на влијание), 12 труда во научни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 10 труда во зборници од научни собири.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно