Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 05.07.2024 до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В. (58) и А.Д.(29), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и З.И.(60) и Б.Б.(51), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот Д.Д., управител на две правни лица од Скопје во јули 2019, пречекорувајќи ги своите овластувања и неизвршувајќи ја својата службена должност, иако знаел дека во 2013 година добил судска пресуда за побарувања од ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, за да ги наплати побарувањата, склучил договор за закуп на дел од спортско-рекреативен центар, спротивно на Законот за спорт, иако знаел дека неговото правно лице нема регистрирано дејност од област на спортот и нема решение за вршење на таква дејност од Агенцијата за млади и спорт. Второпријавениот М.Г., управител на правно лице од Скопје, во содејство и по насоки на Д.Д., а спротивно на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за споменатиот простор склучил договор за закуп, за месечна закупнина во вкупен износ од 9.419.586 денари со вклучен ДДВ за целиот период на закупот, а за наплата на закупнината од страна на тогашниот директор на јавното претпријатие на правното лице му била доставена фактура за наведениот износ.

Во договор со тогашниот директор на јавното претпријатие, Д.Д. и М.Г. фактурата ја искористиле за склучување на договор за цесија, со кој закупецот наместо да му плати на јавното претпријатие како закуподавач, требало да биде регулиран долгот кој ЈП ги имал кон правното лице по основ на донесената пресуда. Исто така, Д.Д. со иста цел во 2020 склучил договор за деловна соработка со лице од Истанбул, Р.Турција, иако знаел и бил свесен дека склучува договор со тогашниот директор на ЈП за реализација на деловните активности кои произлегуваат од реализација на договорот за закуп на истиот дел од спортско рекреативниот центар склучен помеѓу правното лице од Скопје, чиј управител е М.Г. и јавното претпријатие, кој е даден во подзакуп на правно лице чиј управител е Д.Д., без склучен писмен договор, со што овозможиле корист преку која трите лица требало да остваруваат добивка со правото на користење на простор кој бил за спортска дејност, а на штета на јавниот интерес за спорт.

Пријавениот М.М., управител на правно лице од Скопје, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, во 2004 година склучил договор за закуп со предметното јавно претпријатие за закуп на Олимписки базен во Скопје за период од 15 години, односно до 2019 година, а во периодот што следел иако немал правен основ и без склучен нов договор за закуп, како и без добиено решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, постапил спротивно од Законот за спортот, според кој објектите за спорт не смеат да се пренаменуваат и да се користат за друга дејност освен за дејноста спорт, и за дел од тој објект склучил договор за подзакуп со две правни лица, едното од Скопје, другото од тетовско Теарце.  

Пријавениот К.В., управител на правно лице од Скопје и пријавената А.Д., генерален секретар на правно лице – асоцијација, со пречекорување на границите на своите службени овластувања склучиле договори за закуп со споменатото јавно претпријатие на делови  од објектот на спортско-рекреативниот центар, без правните лица да имаат регистрирано дејност од областа на спортот и без добиено Решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, со што постапиле спротивно на Законот за спортот.

Пријавените З.И. и Б.Б., поранешни директори на јавното претпријатие, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и не повеле постапка за раскинување на претходно склучените договори за закуп со правните лица, како и постапка за ослободување и напуштање на просторот во Олимписки базен Скопје од страна на правното лице – закупец, предизвикувајќи штета на ЈП, со што дошло до нарушување на неговото работење.

Штетата на сметка на ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, односно Буџетот на РСМ која во континуитет била нанесувана од 2004 до денес, ќе биде дополнително утврдена со вештачење кое ќе се изврши по наредба од ОЈО Скопје.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно