Момче загина во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Дваесет и едногодишен прилепчанец загина во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Прилеп-Битола на излез од Прилеп.

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за сообраќајката поради која вчера попладне беше затворен за сообраќај овој патен правец.

Сообраќајката се случила меѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки таблички, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски таблички управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен.

Возачот на товарното возило и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

25-годишник донесен починат во болница во Крива Паланка

25-годишник од Крива Паланка бил однесен починат во Итната помош во кривопаланечката болница.

- На 15.07.2024 во 11.54 часот во Полициската станица Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.М.(25) од Крива Паланка. Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош. Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, стои во денешниот полициски билтен. 

Трагедија: Ја чистел пушката и случајно си го убил пријателот со кој бил на лов

Вчера полициски службеници од ОВР Македонски брод лишиле од слобода 3 лица, Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево.

Тие се сомничат дека се инволвирани во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

„Т.Т. пријавил во полициска станица дека околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“ се вели во билтенот на МВР

 Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, велат од МВР.

Млада девојка е пронајдена мртва

Млада девојка вчера вечер е пронајдена мртва на браната Градче во Кочани.

Безживотното тело на девојката го пронашил вработен на браната, кој пријавил дека е забелеќан безживотен труп и повикал полиција и Брза помош, кои само констатитрале смрт.

Родителите го препознале телото на девојката.

Пред неколку години на ова место исто така беше пронајден труп на девојка.

Популарно