Со две лажички во утринското кафе до витка линија

Утринското кафе е ритуал без кој повеќето луѓе не можат да го замислат почетокот на денот.

Доколку и вие сте љубител на кафе, веројатно ќе сакате да го пробате овој едноставен рецепт, за кои велат дека има магично дејство.

Станува збор за додаток што ќе го направи вашето кафе повкусно, а истовремено и ќе ви помогне да ги изгубите вишокот килограми.

Потребни состојки:

170 милилитри кокосово масло

170 грама мед

1 кафена лажичка цимет

1 кафена лажичка какао (по желба)

Начин на подготовка:

Сипете ги сите состојки во еден сад и мешајте додека убаво не се соединат. Потоа добиената смеса префрлете ја во стаклена тегла или сад со капак.

Наутро, додавајте по 1 до 2 лажички од смесата во кафето што сте го подготвиле, додека тоа е сè уште жешко. Промешајте околу 5 секунди и потоа можете да уживате. Оваа смеса ќе го поттикне вашиот метаболизам и со тоа ќе ви помогне во губењето на вишокот килограми. Исто така, ќе го збогати вашето кафе со неверојатен вкус.

На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид!

Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј HUGEL во Охрид на 3 август.

Со директна и емотивна порака до македонската публика, HUGEL најави спектакл:

„Македонијо, ве носам во срцето. На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид. Едвај чекам да се видиме!“

https://www.instagram.com/reel/DMfn1xQME4J/?igsh=MWVhb3QyMDJzOGJ6bQ==

Настанот ќе се одржи на спектакуларна локација под отворено небо, а публиката ќе има можност да ужива во глобалните хитови како „I Adore You“, „Loosen Up“, „Morenita“ и многу други.

Настапот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме.

Карти преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

(Видео) Погледнете го лабрадорот кој сака да јаде премногу боровинки

Кучињата што имаат сопственици обично јадат готова сува храна или готова конзервирана храна, а некои луѓе ги хранат своите кучиња со она што самите го јадат.

Сепак, добро познат факт е дека многу кучиња ќе џвакаат сѐ што ќе најдат, од топка до чевел. Па дури и боровинки.

Видео со лабрадор како јаде грмушки боровинки неодамна стана вирално на „Редит“. Неговиот сопственик, кој всушност и го сподели клипот, напиша: „Моето куче повеќе е заинтересирано да јаде боровинки отколку да оди на прошетка“.

„Лабрадор, повеќе заинтересиран за храна отколку за вежбање“, „Сигурно дека лабрадорите се половина мечка“, „Потребни се тие боровинки за енергија за одење“, „Мојот доберман исто така сакаше боровинки и капини“, коментира екипата на „Редит“ на видеото.

Вработување во Клиничка болница Жан Митрев, Concentrix и ТБМ Гроуп!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции. Како динамичен тим високо ги цениме различностите и новите таленти. Нашите тимови за бизнис развој се посветени на постигнување врвни резултати. На мотивираните апликанти им нудиме можност да работат со водечки интернационални компании и да стекнат темелни познавања во неколку индустрии.

Моментално вработува:

DIGITAL MARKETEER AND MARKET RESEARCHER
SALES EXECUTIVE

Concentrix е глобално успешен давател на услуги за аутсорсинг. Нашите локации низ целиот свет веќе се карактеризираат со многу разновиден персонал за услуги на клиентите.

Моментално вработува:

KUNDENDIENSTSPEZIALIST – SKOPJE
KUNDENDIENSTSPEZIALIST – TETOVO

Официјално Клиничка болница Жан Митрев е отворена на 1 март 2000 година, а медицинското стартување е одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ - ДОСТАВУВАЧ ВЕЛЕС
МАГАЦИОНЕР (ПИКЕР)

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТ - ЧАИР
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – ЧАИР
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - 3ТА СМЕНА
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР
ФАРМАЦЕВТ

Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на производи од медицински канабис.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ
МЕНАЏЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ИНЖЕНЕРСТВО
АНАЛИТИЧАР ЗА РУТИНСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ АНАЛИЗИ
СЕНИОР АНАЛИТИЧАР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ – ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА
ФАРМАЦЕВТ ВО РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕС
ФАРМАЦЕВТ РАКОВОДИТЕЛ НА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Моментално вработува:

ПРОЦЕНИТЕЛ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно