Трагедија: Ја чистел пушката и случајно си го убил пријателот со кој бил на лов

Вчера полициски службеници од ОВР Македонски брод лишиле од слобода 3 лица, Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево.

Тие се сомничат дека се инволвирани во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

„Т.Т. пријавил во полициска станица дека околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“ се вели во билтенот на МВР

 Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, велат од МВР.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пожар во куќа во Гази Баба

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината

Жена пронајдена почината во стан во Гази Баба. 

- На 06.01.2025 околу 15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во стан била пронајдена почината Е.С.(43) од Скопје, каде живеела како подстанар. Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, соопштија од полицијата. 

Популарно