Таравари: Комплетно реновирана невролошката амбуланта на Детска клиника, обезбеден и нов апарат- ехосонограф

На Клиниката за детски болести комплетно е реновирана невролошката амбуланта. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на оваа клиника.

- Обновата на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат. Приоритет на Министерството за здравство е континуирано унапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура. За таа цел, во изминатиот период е обезбеден нов апарат - ехосонограф, односно ултразвучен премиум колор доплер апарат, кој  овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика, потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.

Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е единствен центар за специфична дијагностика и третман на пациенти со невролошки заболувања од новороденчиња до адолесценти.

-Обновени се три консултативни амбуланти, ехосонографски кабинет и два ЕЕГ кабинета, каде месечно се прегледуваат во просек по илјада пациенти, информираше д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за Детски болести.

Мицкоски: Арсовска нема капацитет за капитални проекти

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, вели дека Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“, потенцирајќи дека иако веќе 2 години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства.

„Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен“, рече тој.

„Сега ако некој нема капацитет да реализира капитални инвестиции, како што е тој булевар, тој патен правец, иако морам да признам до мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства кој што ги има Градот Скопје на својата сметка од страна на државата префрлени, па се бараат градежни фирми кои што тоа ќе го изведуваат и итн., има институции со тоа што се занимава. Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини кои што се по подготвени“, дециден е Мицкоски.

Одржано Редовно Годишно Собрание на Македонско-Бугарската стопанска комора

БИЗНИС БЕЗ ГРАНИЦИ побараа членките на Македонско-Бугарската Стопанска Комора на своето редовно годишно Собрание одржано во Скопје. Постои голем интерес кај компаниите од двете земји за инвестирање, имаме постојан, значителен раст на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Со подобрување на условите кои треба да ги обезбедат нашите држави има простор за уште поголем раст на инвестициите од компаниите членки на нашата комора и тоа треба да го ставиме во функција на развој на правните субјекти од двете држави, смета Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора, Биљана Митева.

Компаниите членки на комората даваат свој придонес за подобрување на бизнис климата и отстранување на политичките бариери меѓу двете држави, за уште поуспешно деловно поврзување на бизнис секторот.

На Собранието се обрати и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Жељаско Радуков, каде изрази недвосмислена поддршка за подобрувањето на економската размена меѓу двете држави и укажа на важноста на поврзувањето на луѓето и бизнисите од двете земји.

Собранието на Македонско-Бугарската Стопанска Комора ја одобри програмата за работа за периодот 2024/2025, беа усвоени извештаите за 2023/2024, а беа избрани и нови членови на Управниот и Надзорниот Одбор на МБСК. На редовното годишно Собрание на Македонско-Бугарската Стопанска Комора присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија.

Во Велес утре Ден на жалост поради сообраќајната несреќа во Катланово

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.

Популарно