Двајца млади браќа влегле во езеро за да се изладат, едниот почина, другиот се бори за живот

Во понеделникот, Антонио М.(24) почина во Универзитетската клиничка болница во Мостар ако последица на давење на езерото Мандек кај Ливно.

Како што велат за Дневни аваз од Канцеларијата за информирање на оваа болница, младиот човек ја загубил битката за животот и покрај големите напори на лекарите на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, каде што беше хоспитализиран од неделата.

Двајца млади браќа отишле да се капат по фудбалски турнир

Како што дознава Аваз, станува збор за двајца браќа од Ливно, кои според досега собраните информации решиле да се освежат во езерото Мандек, на приближно седум километри од градот, во неделата по фудбалскиот турнир на кој биле. До езерото, на чија плажа во тој момент имало десетина капачи, дошле со велосипед.

Според извори од полициската истрага, двајцата решиле да запливаат во дел од езерото каде речиси и да нема плитко, а во водата прв влегол 18-годишникот кој најверојатно не забележал дека е длабоко, по што почнал да се дави.

Неговиот постар брат отишол да го спаси, но бидејќи и двајцата биле неискусни пливачи, набрзо исчезнале во езерото. Дури по неколку минути, кога останатите капачи забележале дека ги нема на површината на водата, започнала драматична потрага по нив.

Веднаш го пронашле помалиот брат и почнале да го реанимираат на брегот, додека потрагата по постариот брат траела извесно време поради калта и слабата видливост, но по извесно време и тој бил пронајден. Во исто време, додека траела потрагата, била алармирана полиција и екипи на итната помош, кои реанимацијата ја продолжиле во Кантоналната болница во Ливно, по што и двајцата биле пренесени во СКБ Мостар.

На местото на инцидентот, припадници на полициската управа Ливно извршиле увид, а за се е известен и дежурниот кантонален обвинител. Се спроведуваат сите мерки и дејствија со цел да се расветлат сите околности на овој настан.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно