Трагедија кај „Три чешми“: Загина 21-годишно момче

21-годишник загина во сообраќајка кај клучката „Три чешми“.

- На 31.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за село Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(21) од Велес, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, информираа од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. 

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино

Со тешки повреди се здобил мотоциклист при судир со возило „пасат" вечерва во Неготино. Информацијата за МИА ја потврди портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска. 

- Вечерва во 20:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Идустриска" и ,,Маршал Тито" се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „сузуки" со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарици и патничко возило „пасат“ со регистарски ознаки од Виница, управувано од Ф.А.(29) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Ѓаковска. 

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи од Неготино.

Убиство во Кочани, приведени две лица

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

Вчера во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов  неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување  на случајот. При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.

Повредил дете кое фрлало со камења по неговото куче - Кривична за 67-годишник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.П.(67) од с.Будинарци, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 05.08.2024 во с.Будинарци, беровско, откако пријавениот го забележал детето како со камења фрла кон неговото куче, со тврд предмет го удрил по главата, соопшти МВР.

Популарно