Средба на Сиљановска Давкова со Вучиќ на Илинден во Св.Прохор Пчињски

Во манастирскиот комплекс Св.Прохор Пчињски утре ќе се сретнат претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението од службата за соработка со медиумите на српскиот претседател се додава дека двајцата претседатели на 2-ри август на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што српкиот претседател и македонската претседателка ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости.

Претседателот на Србија на 23 јули телефонски разговарал со претседателката на Северна Македонија Сиљановска Давкова, кога меѓу останатото било договрено на Илинден заедничка посета на манастирот Прохор Пчињски.

- Срдечен разговор со претседателката @gordana_siljanovska_davkova за најважните прашања од нашите билатерални, а особено економските односи, како и за местото на Србија и Северна Македонија на агендата на проширувањето на Европската унија и взаемната поддршка на #ЕУ патот. Претседателката на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарот, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин. Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчињски на Илинден, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи. Ја искористив приликата да ја поканам мојата почитувана колешка да ја посети Србија, за да конкретизирам некои од плановите кои ќе ја подигнат нашата соработка на повисоко ниво, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно