Силен земјотрес вечерва ја стресе Италија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени вечерва го погоди јужниот дел на Италија. Епицентарот бил во близина на гратчето Лонгобучо, на длабочина од 18 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во околните градови Бари, Кастровилари, Катанцаро, Таранто и предизвикал паника и кај жителите, но и кај туристите кои го поминуваат одморот во овој дел на земјата.

Засега нема информации за материјална штета или за жртви.

Пронајдени шест тела на мигранти близу Сицилија

Се претпоставува дека телата им припаѓаат на некои од пријавените 21 исчезнати мигранти при бродолом на почетокот на септември

Италијанската крајбрежна стража пронајде шест во близина на брегот на Сицилија. Властите засега само претпоставуваат дека станува збор за дел од исчезнатите луѓе на брод со мигранти кој потона на почетокот на месецот. Според исказите на преживеаните, како изчезнати се водат 21 лице.

Во средата италијанските власти објавија дека нашле група од седум луѓе, сите мажи со пасош од Сирија, во полу-потонат брод. Преживеаните им кажале на спасувачите дека тргнале од Либија на 1 септември, со вкупно 28 лица на бродот. Меѓу патниците имало и три деца. Ги фатило невреме од кое 21 патник паднал во морето.

Италијанските медиуми објавуваат дека засега само се претпоставува дека денеска најдените тела се дел од 21 исчезнати патници, меѓудругото и поради координатите на локацијата на која се најдени.

Средниот Медитеран е една од најсмртоносните мигрантски рути во светот. Според Агенцијата за миграција на Обединетите нации, над 2 500 мигранти загинале или се исчезнати во обид да поминат кон Западна Европа само минатата година. Од почетокот на оваа година, избројани се 1 116 жртви.

Според бројките на Министерството за внатрешни работи на Италија, пак, само годинава на околу 43 000 мигранти им успеало да го поминат Средоземното море и да стигнат до италијанско копно. Иако бројката изгледа голема, таа е многу пониска споредено со минати години.

Пет опасни криминалци се на слобода: Избегале од строго обезбеден затвор во Португалија

Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти.

Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш била испратена за да ги пронајде бегалците, соопштија властите.

Двајцата Португалци служеле казни од 25 години за дела поврзани со трговија со дрога, кражби, грабежи и киднапирања. Останатите тројца исто така биле осудени за слични кривични дела.

Затворот Вале де Жудеуш е строго обезбеден и има капацитет од 560 затвореници.

Пронајденото е телото на девојчето кое се бараше низ цела Турција

Турските власти соопштија дека е пронајдено безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна на 21 август во Дијарбекир.

Оттогаш се трага по детето чие тело е пронајдено во потокот Егертутмаз на 1,5 километар од селото Тавшантепе каде што живеело.

Турската телевизија НТВ соопшти дека полицијата забранила секому да влегува или да излегува од селото.

За жал, безживотното тело на Нарин, кој исчезна во населбата Тавшантепе во областа Баглар во Дијарбакир, го пронајдоа екипи на жандармеријата“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.

Популарно