ЦУК: Активни 9 пожари, 18 изгаснати

Во текот на денешниот ден до 19:00 часот има вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се 9, и изгаснати се 27, соопшти ЦУК.

АКТИВНИ: 9

1. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец. Моментално, најактивен е кај селата Штавица, Крушевица, Пештани и Прилепец (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);

2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола), с.Ораов Дол (активен) (мешана шума);

3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);

4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

5. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);

6. Општина Сарај: с.Буковиќ (мешана шума и сува трева);

7. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и мешана шума);

8. Општина Тетово: с.Новаќе (ниска шума и сува трева);

9. Општина Куманово: с.Романовце (сува трева);

ПОД КОНТРОЛА:

ИЗГАСНАТИ: 18

1. Општина Кратово: с.Железница (стрниште и грмушки);

2. Општина Ѓорче Петров: с.Волково (сува трева);

3. Општина Виница: с.Лаки (сува трева);

4. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре);

5. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре);

6. Општина Куманово 1: с.Пчиња (сува трева);

7. Општина Куманово 2: место Циглана во Куманово (сува трева);

8. Општина Куманово 3: Агино село (сува трева);

9. Општина Куманово 4: Агино село (сува трева и кров на викендица);

10. Општина Липково: с.Ваксинце (сува трева);

11. Општина Липково: с.Черкезе (сува трева);

12. Општина Битола: с.Острец (сува трева);

13. Општина Росоман: с.Рибарци (сува трева, грмушки и напуштено лозје);

14. Општина Брвеница: пат за с.Брвеница (сува трева);

15. Општина Тетово: долен дел од градот (сува трева);

16. Општина Гостивар: с.Симница (сува трева);

17. Општина Гостивар: автопат Гостивар – Тетово (сува трева);

18. Општина Гостивар: Бунар Петрол (сува трева);

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно