Се проширува пожарот во Мариово, периметарот на огнената линија изнесува 110 километри

Големиот пожар во Мариово не покажува знаци на намалување. Огнената стихија зафати околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесува 110 километри. 

Според прилепскиот кризен штаб, на теренот се преку 200 професионалци, а дејствува само еден „Ер трактор“, поради технички проблеми на вториот. Началникот на прилепскиот кризен штаб, Борче Јовчески, посочи дека будно се чуваат населените места, и силите главно се концентрирани на четири до пет критични локации.

– Во моментов професионалците се лоцирани четири до пет места каде пожарот е најактивен: во близината на селата Крушевица, Бонче и кон Штавица, каде се 50 припадници на АРМ и други професионалци кои ја дополнуваат таа група. Потоа кај селата Вепрчани и Дуње, каде се уште 50 припадници на АРМ. Со механизирани возила помагаат и од блиските рудници. Други ризични места каде има професионалци се: пожарот се заканува преку Волково да слезе кон селото Селце каде и манастирот „Свети Димитрија“  и како приоритетно место можеби таму ќе дејствува и „Ер тракторот“, но на лице место има доволен број професионалци, изјави Јовчески.

Додаде дека од денеска е активен и пожарот на потегот на Дрен и Смолани.

– Од утрово има и нов пожар, тоа е на потег Дрен-Смолани. Таму се упатени голем број наши пожарникари, како и кон Беловодица, каде се очекува пожарот да се прошири. За жал, од двата ЕР трактори, само еден е во функција  и е на лице место каде помага во гаснењето, а другиот имал технички проблеми и е приземјен, изјави Јовчески.

Најмногу е опфатена нискостеблеста трева, растенија и деградирана шума и немаме во големи размери опфатено на квалитетен шумски појас.

Републичкиот кризен штаб за заштита и спасување донесе одлука командувањето и управувањето со оваа криза да ја врши Дирекцијата за заштита и спасување, но прилепскиот кризен штаб останува активен да ја следи и организира ситуацијата на теренот. 

Тепачка помеѓу две сестри во Скопје

На 15.09.2024 во 12.15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра А.Б.(47) од Скопје, која употребила и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Нова промена на цените на горивата од полноќ

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, Еуросупер БС-98 за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол. 

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 66 денари за литар. 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.

Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември

Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летови меѓу Скопје и Сараево, по повеќе од една година оперирањето на оваа релација, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.

Ејџијан ерлајнс, стои во објавата, првично планираше да ја опслужува линијата три пати неделно во ноември и декември и двапати неделно од јануари. Потоа планираше летови до 7 декември, со ограничена работа за време на празничниот период од крајот на декември до почетокот на јануари, но сега ги отстрани сите летови од крајот на ноември.

Продажбата на билети на линијата за летната сезона во 2025 година исто така е прекината.

На крајот на август „Екс Ју авијација“ објави дека „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина - Скопје и ќе ја опслужува четирипати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона. Линијата Скопје-Атина, по десетгодишен прекин, профункционира од ноември 2018 година.

Популарно