Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години

Полициски службеници привеле криминалец баран со потерница за казна од три години затвор, соопшти МВР.

-На 08.09.2024 во 06.25 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Ф.(33) од Тетово, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување за казна затвор во траење од три години. Л.Ф. е спроведен во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, стои во соопштението на МВР.

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од с. Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него. Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“ кој по наредба на обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на две организирани криминални мрежи. Во тогаш спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање. Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените меѓу кои и првоосомничениот беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи. Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено.

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје.

Мисајловски: Само со чесна работа и посветеност можеме да изградиме праведен и стабилен систем

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска од колегата за внатрешни работи Панче Тошковски прими плакета со која се потврдува одличната соработка помеѓу двете министерства.

-Само со чесна работа и посветеност можеме да изградиме праведен и стабилен систем, каде корупцијата и криминалот ќе бидат сведени на минимум.

Безбедноста на нашата Македонија е наша заедничка цел, вели Мисајловски.

ВИДЕО: Ден за деца и пакетчиња во Владата

Денес во Владата беа многу драгоцени посетители. Насмевките на најмладите се најголемиот подарок што можеме да го добиеме – да ги чуваме нивните соништа и да создаваме подобра иднина за сите!, информираше на ФБ, премиерот Христијан Мицкоски.

Си ги честитавме претстојните празници на настанот на кој поделивме новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Владата, стои во објавата на премиерот.

Видеото погледнете на https://www.facebook.com/share/v/1Q5AxM648r/?.

Популарно