Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите

Од пет часот утрово таксистие во Атина, организирани од нивниот Синдикат, започнаа 24-часовен штрајк поради, како што велат,„низа владини одлуки и важни законодавни пропусти што се однесуваат на нивниот сектор“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот потенцираа дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција кон електрични возила од 2026 година ќе ја загрози нивната професија.

Паралелно, за претпладнево закажаа Генерално собрание на кое ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат. Грчката метропола до утре наутро ќе биде без такси превоз.

Наставничката од хрватското училиште оперирана - имала голем број убоди во пределот на градниот кош

Напад во основното училиште во загрепската населба Пречко, во кој загина едно дете, а неколку се повредени, како и наставничка, утринава извршил 19-годишник, кој бил уапсен 10 минути подоцна кога полицијата го спречила од самоубиство.

Како што рече министерката за здравство, Ирена Хрстиќ, наставничката има 50 години и, според нејзините информации, животот не ѝ е во животна опасност.

Докторот од болницата „Свети дух“ во интервју за ХРТ вели дека била примена со тешки физички повреди, односно со голем број убоди во пределот на градниот кош. По укажаната прва помош, била однесена на операција.

Таа беше оперирана по што нејзината состојба се стабилизира и лекарот очекува дека постоперативниот тек ќе биде добар.

„Во моментот таа е стабилизирана, но нејзиниот живот сè уште е во опасност“, додаде тој.

Открил и дека напаѓачот има неколку расеченици на телото, но е стабилен и животот не му е во опасност.

Мајката на напаѓачот oд училиштето во Загреб: Цела ноќ не спиевме од страв

Мајката на напаѓачот oд училиштето во Загреб рекла дека ноќта не спиеле од страв, а се обиделе да му помогнат на својот син.

„Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен да биде надвор. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози. Докторот ладнокрвно го пушти да се грижиме за него“, изјави за „24 часа“ мајката на осомничениот за трагичниот напад.

Млад човек (19) денеска утрово упадна во училиштето и ги нападна децата и наставничката.

Едно дете почина, а седум, меѓу кои наставничка и шест ученици, се повредени.

Министерката за здравство на Хрватска даде нови детали за поврдените во училиштето

Министерката за здравство Ирена Хрстиќ во изјава за медиумите даде нови детали за повредените.

Повредени се 11-годишно момче и 7-годишно момче. 11-годишното момче е надвор од животна опасност. Тоа дете е полесно повредено, се работи за површни расеченици.

Второто дете на возраст од 7 години е надвор од животна опасност, но ќе му биде потребна градна дренажа. Поради повредите, има одредена количина крв во градите.

Во болницата „Свети дух“ се двајца возрасни. 50-годишната наставничка, по примарното лекување, е надвор од животна опасност, но ќе оди на одделот за интензивна нега.

Напаѓачот, 19-годишен маж, е надвор од животна опасност, но е на интензивна нега.

Третото дете, 15-годишно, е хируршки третирано во „Ребро“, каде што е донесено со хеликоптер и е надвор од животна опасност.

Популарно