Дневен Хороскоп

ОВЕН

Клучниот збор за денеска е „умереност“. Во ред е да тргнете во авантура, дури и ако се обидувате со нешто екстремно, но не заборавајте да поставите граници и да не губите разум. Не бидете премногу самоуверени, не се занесувајте со хазарди.

БИК

Денеска некои од вас може да се чувствуваат разочарани од однесувањето на вашиот интимен партнер или друга личност важна за вас. Без оглед на чувствата што ќе ви дојдат, прифатете ги, но не брзајте да извлекувате заклучоци: почекајте ден или два, додека не ја сфатите информацијата и не ја разјасните ситуацијата.

БЛИЗНАЦИ

Денеска можеби ќе треба да ги средите старите сметки, и во буквална и во преносна смисла. Доколку се работи за финансиска работа, би било добро конечно да се справите со тоа и да размислите што да правите. Исто така, бидете одговорни ако се работи за личност со која сте имале или сѐ уште одржувате врска, но сакате да ја прекинете.

РАК

Денеска тешко дека некој ќе успее да ве доведе во заблуда, дури и доколку тоа успеал да го стори во минатото. Ќе имате поголема јасност и за луѓето и за ситуациите и за тоа што ќе правите во иднина. Денот ви дава шанса да се нурнете во вашиот емотивен свет и да откриете што навистина сакате.

ЛАВ

Денешниот ден може да го расветли вашиот однос со некој важен за вас, интимен или деловен партнер. Ќе можете да ги извадите розовите очила и да ја видите реалноста онаква каква што е. Вистината можеби не е пријатна, но подобро е да ја знаете отколку да паднете во самозаблуда.

ДЕВИЦА

Денеска е можно да се соочите со нерешен проблем со корени кои се враќаат во минатото или да налетате на личност со која претходно сте имале врска. Можеби ова е знак дека треба да преиспитате или ревидирате нешто. Денот е погоден за справување со финансиско прашање, чие решавање долго време го одложувате.

ВАГА

Денеска внимавајте на вашите љубовни односи и не ги игнорирајте чувствата, ниту вашите, ниту оние на другата личност. Иако е можно разговорот меѓу вас двајцата да ви отвори стара рана, обидете се да не се расфрлате со обвинувања и прифатете дека секој има право да се чувствува на одреден начин.

ШКОРПИЈА

Денеска ќе уживате во голема инспирација и добра концентрација, кои во комбинација ќе ви овозможат на најдобар начин да го направите она што сте го зацртале. Посветете се на креативни активности каде што можете да го ставите своето срце и да ги покажете своите таленти. Одличен ден за медитација.

СТРЕЛЕЦ

Без оглед на грижите и стравовите што ве обземаат денеска, обидете се да се соочите со нив и не дозволувајте да ве спречат да го правите она што ви го шепоти вашиот внатрешен глас. Постои ризик некој да се обиде да манипулира со вас и да ве натера да прифатите ситуација неповолна за вас, не дозволувајте го тоа.

ЈАРЕЦ

Денешниот ден може да ве натера да признаете некоја вистина која претходно сте ја занемариле или сте ја криеле. Колку и да не сакате да го олабавите стисокот и да дозволите работите да бидат такви какви што се, подобро направете го тоа – на крајот ќе се чувствувате ослободени.

ВОДОЛИЈА

Комуникацијата денеска ветува дека ќе биде пријатна и ќе ја зајакне вашата блискост со саканите. Искористете го позитивното влијание поминувајќи повеќе време со семејството и со саканата личност. Денот може да биде доста успешен финансиски доколку сте го направиле своето длабинско истражување во минатото.

РИБИ

Доколку последните денови ве обземаа финансиски грижи, денеска обидете се да ја погледнете ситуацијата од поширока перспектива; и дознајте што може да се направи во врска со тоа. Одличен ден е да уживате до мила волја, но внимавајте да не трошите прекумерно или да одите во крајности.

За 500 евра ќе ти ја уништам свадбата но зафатен сум до ноември

Средовечен Шпанец по име Ернесто тврди дека смислил генијален начин да заработи пари.

Тој објави видео на TikTok кое предизвика големо внимание кај корисниците, во кое детално ја објаснува својата идеја.

Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како „љубовник на невестата или младоженецот“ и на тој начин да ја откаже венчавката, односно да спречи „несакан брак“.

Тој стана тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето кои ја очекуваат свадбата им зборува како „најлошиот кошмар“ наместо како најсреќниот ден во нивниот живот.

За основна такса од 500 евра ќе се претстават како „љубовта на животот на невестата или младоженецот“, молејќи ги да ја прекинат свадбата и да побегнат со него.

„Ако се сомневате во бракот или партнерот, не сакате да се омажите, а не знаете да кажете не, не грижете се. Ќе ви ја откажам венчавката“, вели Ернесто.

Тој додава дека му треба времето, местото и датумот кога ќе се договара венчавката, а за останатото ќе се погрижи сам, пренесува Oddity Central.

Ернесто целата приказна ја започнал на шега, но наводно бил преплавен со барања од заинтересирани. Тој тврди дека наплатува 500 евра, во кои не се вклучени патните трошоци и доплатите за „неочекувани инциденти“.

На пример, ако некој му удри шлаканица, ќе бара повеќе пари. Секоја шлаканица чини 50 евра.

„Се обидувам да се сокријам, но свесен сум дека кога ме удираат, добивам повеќе плата. Значи, ако можам да одам побавно, одам побавно. Така заработувам“, објасни тој.

Човекот тврди дека бизнисот му цвета и дека е „распродаден до 2 ноември“.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, на средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање. Во таа насока, претседателката изразила очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации.

На средбата со грчката амбасадорка биле разменети мислења и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, при што претседателката ја нотирала важноста од негова доследна примена од сите страни кои се обврзале на него.

- Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Таа ја нагласи добрата соработка во областа на одбраната, потенцирајќи ја важноста и од јакнење на економската соработка, трговската размена, инфраструктурното поврзување, како и соработката во областа на образованието, културата и туризмот, како предизвици на кои треба заеднички да се фокусираме во интерес на благосостојбата и зближувањето на народите на двете земји, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Функционерските таблички во различна боја

Владата на денешната седница одлучи да почне постапка за промена на два закони - за сите службени возила да имаат регистерски таблички во боја различна од обичната. Со овие измени ќе се воспостави регистар за сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистрации во посебна боја за да може да бидат забележани од граѓаните.

- На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата, напиша на Фејсбук директорот на служба за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Во минатото имаше бројни злоупотреби на службени возила за приватни, но и партиски цели.

Популарно