ВИДЕО: Не е спорт за секој - публиката во Чаир претепа кошаркар на пријателски натпревар

Во натпревар кој беше означен како пријателски меѓу ТФТ и Чаир, настана масовна тепачка, по која мечот во СЦ Кале беше прекинат. Во тепачката учествувале играчи на ТФТ и навивачи на Чаир.

Прекинот се случил на две минути пред крајот кога чаирчани реагирале по еден жесток старт на кошаркар на ТФТ, а тука се вмешале и навивачите по што дошло до тепачка.

Според информациите, најмногу „настрадал“ капитенот Едис Нури кој бил нападнат од неколку лица. Чаирчани тврдат дека биле испровоцирани од кошаркарот.

Инаку овие два тима имаат коркетни односи во последните сезони, и овој инцидент е сосема неочекуван.

Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите

Измамен гостиварец кој собирал пари за лекување во странство.

- На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31 - годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Девојче, жена и маж се повредени – со возило излетале од пат кај Страцин

Вчера во 12.05 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на магистралниот пат А-2 во с. Страцин, кратовско, на место викано „Поповски рид“ патничко возило „фолксваген поло“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетало од коловозот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово, додаваат од МВР.

Популарно