Софија Лорен го прослави својот 90-ти роденден: Нејзиниот изглед ги воодушеви сите

Актерката Софија Лорен пред пет дена го прослави својот 90-ти роденден. На социјалните мрежи кружат видеа од прославата која била спектакуларна.

Додека гостите ракоплескаа, актерката седеше и гледаше воодушевено кога пристигна раскошната торта на повеќе нивоа.

За оваа пригода актерката избра дводелен бел костим со сребрени детали.

Првиот брак им е само проба: Хороскопски знаци за кои е веројатно дека ќе се венчаат два пати

Една од најспецифичните „институции“ во животот на секој возрасен човек е бракот. Животот во заедница бара многу вложување од страна на двајцата партнери, многу откажување и многу компромиси.

Да се биде исполнет и среќен во заедничкиот живот е привилегија која не ја уживаат сите луѓе. Некои се чувствуваат непотполно, ментално оддалечени од својот сопружник и во еден момент кога дистанцата ќе стане неподнослива, разводот останува последна опција.

Од таа причина, овие луѓе бараат утеха и бараат љубов по втор пат. Тие се отворени за брак по втор пат и дури тоа и повеќе би го сакале.

Овде се наведени хороскопските знаци кои веројатно ќе стапат во втор или во трет брак!

Бик

Биковите се познати по желбата за стабилност и сигурност во односите. Ако нивниот прв брак не ги исполни нивните очекувања, голема е веројатноста дека ќе побараат партнер кој ќе може да им пружи стабилност и сигурност за кои копнеат. Нема да ги задоволи ништо помалку.

Вага

Луѓето родени во овој хороскопски знак ја ценат хармонијата и рамнотежата во своите врски, а најмногу во бракот. Мирот и стабилноста во домот за нив претставува свето нешто и по секоја цена се трудат да најдат компромис и да го решат секој проблем. Но, ако првиот брак не им ги пружи рамнотежата и хармонијата што ги бараат, голема е веројатноста дека ќе побараат партнер кој ќе може тоа да им го понуди во вториот брак.

Шкорпија

Шкорпиите се познати по својата интензивна емоционална длабочина и по страста. Шкорпиите сакаат партнер кој ќе ги цени и ќе ги почитува, а ако не се чувствуваат ценето во првиот брак, сигурно ќе побараат партнер кој ќе може да им парира во нивниот интензитете и страст во вториот брак.

Стрелец

Стрелецот е еден од најпозитивните знаци во хороскопот. Секогаш отскокнува со неговата оригиналност и многу ја цени слободата и независноста. Во еден обичен, традиционален брак, може да се чувствува загушено и приклештено. За нив е многу важно да не се чувствуваат ограничено во функционирањето со партнерот и само така бракот за нив нема да претставува товар и нема да помислат на втор брак во кој ќе ја имаат посакуваната слобода и независност.

Водолија

Луѓето родени во знакот на ексцентричната водолија најмногу ја ценат индивидуалноста во врската, па дури и во бракот. Тие се посебни и уникатни по тоа што знаат на свој единствен начин индивидуалноста добро да ја спојат со сите брачни обврски и таа воопшто да не се почувствува. Ако почувствуваат дека првиот брак нема да им дозволи да ја изразат својата индивидуалност или да ги следат своите интереси, голема е веројатноста дека ќе стапат во втор брак со некој кој ги дели нивните вредности и интереси.  

Дали треба да чувствуваме љубов за да уживаме во сексот?

На ова прашање не постои точен или погрешен одговор. Сексот и љубовта можат да бидат две различни работи и тоа искуство се разликува од човек до човек. За да го решиме овој горчлив „проблем“ ви нудиме објаснувања и одговори на прашањето дали треба да чувствуваме љубов за да уживаме во сексот?

Длабоко во секој од нас е врежано мислењето дека сексот е најдобар кога имаме емоции кон партнерот, односно дека без тие емоции сексот е полош. Меѓутоа, тоа не се однесува на сѐ. Во сексот може да се ужива без чувство на љубов и длабоки емоции, а за некои луѓе сексот може да биде дури и извор на љубов и на емоционална поврзаност. Една од причините зошто луѓето мислат дека љубовта е неопходна за добар секс е бидејќи сексот може да биде интимно и ранливо искуство.

Чувството на љубов има емоционална корист

Ако сте вљубени во личноста со која имате секс, тоа е супер затоа што има многу придобивки, посебно емотивни. Кога двајца луѓе се вљубени, можеби ќе бидат поподготвени да се отворат и да ги споделат меѓусебните желби и граници, што може да го подобри сексуалното искуство за двајцата. Љубовта, исто така, дава чувство на сигурност и доверба, што е од особена важност за оние кои доживеале траума или непријатност од минатите сексуални искуства. Интимниот, промислен и несебичен чин на водење љубов може да роди силни емоции и чувства кои можат значајно да влијаат на умот, телото и душата на човекот. Тоа е многу повеќе од самиот физички чин. Се работи за правење простор во кој вашиот партнер може се чувствува исполнето. Ако вие и вашиот партнер сакате да се поврзете на повисоко ниво, физички и емотивно, постојат многу начини и секси играчки кои ќе ви овозможат да откривате нови начини за меѓусебно истражување на телата и за уживање.

Препуштете се на уживањето

Иако вљубеноста многу помага, таа не е секогаш потребна. За разлика од емотивниот секс со некој кој го сакате, „само“ сексот е исполнет со желба и со страст. Може да уживате во повремен секс без чувства или емоционална врска. Во секој случај, сексот е врзан со движења, време, емоции, привлечност и уште многу други работи. Не исполнува со возбуда, радост и уживање. Некои луѓе може да имаат исполнет и удобен сексуален живот без никакви обврски или потреба за создавање длабоки емоционални врски. Ова посебно важи за оние кои се задоволни со својата сексуалност и се способни да ги изразат своите граници и желби. Може да имате секс со кој сакате, не е нужно со некој кој го сакате. Не е срамота да ги исполнувате своите желби.

Заклучот е дека не постои еден одговор на прашањето дали треба да чувствуваме љубов за да уживаме во сексот. Некои луѓе можеби мислат дека треба да бидат вљубени за да уживаат во сексот, додека други сметаат дека љубовта и сексот се различни и дека можат да уживаат во сексот без разлика на се. На крајот, најважно е да се чувствувате пријатно, сигурно и да имате потполен пристап до партнерот. Без разлика дали чувствувате пеперутки во стомакот или „долу“, опуштете се и уживајте.

Дневен Хороскоп

Овен

Денес Овенот ќе почувствува наплив на енергија и решителност. Можеби ќе треба да се справите со неочекувани задачи на работа или во личниот живот, но благодарение на вашиот ентузијазам лесно ќе ги надминете сите тешкотии. Подгответе се за ново познанство кое може да игра важна улога во иднина.

Бик

Денес ќе биде важен ден за Биковите, кога вреди да се обрне внимание на деталите. Не брзајте да донесувате одлуки – обрнувањето внимание на деталите ќе ви помогне да избегнете грешки. Можеби ќе се соочите со избор кој ќе влијае на вашата иднина, затоа не плашете се да паузирате и да размислите добро.

Близнаци

За Близнаците денес ќе биде ден на креативни откритија. Доколку долго време барате инспирација, таа ќе ве најде во најнеочекуваниот момент. Бидете отворени за нови идеи и не двоумете се да ги споделите со другите – ова ќе ви донесе поддршка и признание.

Рак

Денешниот ден на Раковите ќе им донесе можност да се одморат и да ја вратат силата. Ова е добро време за медитација или време поминато сами со себе. Не се откажувајте од тивката изолација – тоа ќе ви помогне да најдете внатрешна рамнотежа и да се подготвите за нови предизвици.

Лав

Фокусот на врските ќе биде важен за Лавовите денес. Можеби некој од роднините или колегите има потреба од вашата помош. Покажете сочувство и поддржете ги оние околу вас. Овој ден може да стане важна фаза во зајакнувањето на вашите врски.

Девица

Девиците треба да внимаваат со своето здравје и општа благосостојба. Ако се чувствувате преоптоварени, најдете време да се опуштите или да направите нешто што ви носи радост. Денес е добар ден за грижа за себе и за мали промени во животниот стил.

Вага

Вагите ќе се соочат со потребата да донесат важна одлука. Можеби имате неколку опции отворени за вас, од кои секоја ветува свои предности. Не плашете се да направите избор врз основа на вашите внатрешни чувства – вашето чувство нема да ве изневери.

Шкорпија

Скорпиите ќе почувствуваат дека конечно дојде времето за долгоочекуваните промени. Можеби ова е денот кога ќе започнете нешто ново или ќе одлучите да ја промените моменталната ситуација. Смело одете напред – вашите инстинкти ќе ви кажат како да дејствувате најдобро.

Стрелец

За Стрелците денес ќе биде можност да ги покажат своите лидерски квалитети. Можеби ќе биде побарано да преземете одговорност за некој проект или да предложите решение за тешка задача. Вашите идеи ќе најдат одговор доколку сте сигурни во себе и во своите способности.

Јарец

Јарците денес ќе мора малку да успорат и да ги преиспитаат своите приоритети. Сè што е планирано нема да се спроведе веднаш, но тоа не е причина за вознемиреност. Фокусирајте се на долгорочните цели и размислете како најдобро да ги распределите вашите ресурси.

Водолија

Денот ќе донесе неочекувани вести за Водолиите. Тоа може да биде и лично и професионално, но во секој случај, ќе почувствувате дека нешто значајно почнува да се случува околу вас. Бидете подготвени за промени и прилагодете се на новите околности.

Риби

Емоционалната рамнотежа ќе биде важна за Рибите денес. Ќе мора да ги разберете вашите чувства и можеби да имате искрен разговор со саканата личност. Отворете се за дијалог и тоа ќе ви помогне не само да ги подобрите односите, туку и подобро да се разберете себеси.

Популарно